Членство
Придружи се на Нова Република
Доколку сакате заедно да ја градиме новата Република низ политичка акција и програма, Ве покануваме да пристапите кон НОВА РЕПУБЛИКА.
За да пристапите кон НОВА РЕПУБЛИКА:
- Испечатете го образецот на ПРИСТАПНИЦА КОН НОВА РЕПУБЛИКА;
- Пополнете ги побаруваните податоци и заокружете ги понудените опции во образецот, и
- Пополнетата Пристапница доставете ја како скенирана слика од Вашиот e-mail до Седиштето преку info@novarepublika.mk или лично во Седиштето.
По проверката на податоците и спроведувањето на постапките од членот 13 од Статутот, ќе бидете контактиран/а од задолженото лице во НОВА РЕПУБЛИКА, односно општинскиот клуб во општината каде живеете.
Согласно членот 12 од Статутот, членството во НОВА РЕПУБЛИКА е доброволно. Партиски член може да биде секој полнолетен граѓанин – државјанин на Северна Македонија кој:
- ги прифаќа Статутот и Програмската платформа и
- е подготвен активно да придонесува во остварувањето на политичките цели на Партијата, во постапка согласно Статутот.
Поднесувањето на Пристапницата и приемот на партискиот член се уредува со членот 13 од Статутот.
Партискиот член ги остварува правата и должностите од членот 14 од Статутот, по внесувањето на неговата Пристапница во Регистерот на членови. За утврдување одговорност на партискиот член, органите на општинските клубови и на Партијата изрекуваат дисциплински мерки согласно членот 17 од Статутот.