Регистриран поддржувач
Поддржи ги целите на Нова Република
Вашиот придонес кон изградбата на новата Република без формално партиско членство може да го дадете и како регистриран поддржувач на НОВА РЕПУБЛИКА.
За да станете регистриран поддржувач, потребно е:
- Да го испечатите образецот ИЗЈАВА ЗА РЕГИСТРИРАНА ПОДДРШКА НА НОВА РЕПУБЛИКА;
- Да ги пополните побаруваните податоци и да ги заокружите понудените опции во образецот, и
- Пополнетата Изјава за регистрирана поддршка на НОВА РЕПУБЛИКА да ја доставите како скенирана слика од Вашиот e-mail до Седиштето преку info@novarepublika.mk или лично во Седиштето.
По проверката на податоците и спроведувањето на постапките од членот 21 од Статутот, ќе бидете контактиран/а од задолженото лице во НОВА РЕПУБЛИКА, односно Општинскиот клуб на НоРа во општината каде живеете.
Согласно членот 21 од Статутот, регистриран поддржувач на НОВА РЕПУБЛИКА може да биде секој граѓанин на Северна Македонија:
- кој не е член на друга политичка партија и
- се согласува со политичките цели од членот 8 став (1) од Статутот.
Секој регистриран поддржувач на НОВА РЕПУБЛИКА:
- има право да присуствува на седници на колективните органи на ОК, Партијата и форумите по нивна покана и
- должен е да учествува во спроведувањето на активностите на Партијата, општинските клубови и форумите согласно нивните акти.
Регистрираниот поддржувач се брише од Списокот по негово барање или согласно причините утврдени членот 22 од Статутот.