Видео содржини на Нова Република
25 септември 2026
Во емисијата „Доверливо“ со Насер Селмани претседателот на НОВА РЕПУБЛИКА, Ивон Величковски зборува за предложениот закон за „проширена конфискација на нелегален имот“, потребата од ветинг, регулирање на работењето со крипто-валути и прашањата од значење за постојана борба со корупцијата.
12 септември 2026
НОВА РЕПУБЛИКА одбележа една година од основањето и ја промовираше Канцеларијата на Националниот одбор. Им благодариме на сите членови и поддржувачи, новинари, аналитичари и личности од јавниот живот во земјата кои го збогатија настанот со присуството.
13 јуни 2026
Нова Република стои на располагање да иницира собирање 150.000 граѓански потписи. За иницијативата одговорноста нека биде - сакате моја, сакате на НоРа, а успехот нека биде заеднички. Собирањето може да се организира согласно членот 130 од Уставот.
11 јуни 2026
Релност е она што ни е на располагање - Преговарачка рамка што ни одговара и методологија што е направена по наш „тертип“. Она што треба да се договорат во Владата, Кабинетот на претседателката и МНР е дали има „нов предлог“. Ние... во 2022 го добивме она што го баравме. Кога зборува за „нови услови“ премиерот вели дека има нови 14-15 точки... треба на пример да каже дали за него е прифатлива точката за отворање на досиејата на поранешните служби. Врз основа на тоа да се произнесе дали ги прифаќа иницијативите на политичките партии за ветинг... Забележувате како ја снемува темата „гаранции за идентитетот“? - Вие сте еден од ретките политичари... заедно со ДУИ, на СДСМ постконгресно им спласна таа идеја... - што зборувате за уставни промени, предлагате собирање 150.000 потписи за да се започне процедурата... Колку е тоа реално? Реално е онолку колку што веруваме во својата сила. Јас верувам во сопствениот народ и сопствената нација. Верувам дека во македонскиот народ... едноставно има луѓе коишто знаат дека гарантирањето на рамноправноста е сила на еден народ. Доколку Вие, јас,.... сме сигурни во својата сила, ние сакаме на сите да им ги гарантираме рамноправноста и еднаквоста на сите - и на тој начин да овозможиме да имаме конкуренција и кохезија. Ова се дел од ставовите на Нова Република изнесени во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител со Марјан Николовски.
9 април 2026
#НоваРепублика уште лани укажа дека во решавањето на она што го нарекуваме „спор со Бугарија“, САД ќе останат доследни партнери и на Северна Македонија и на Бугарија. И тогаш и сега Бугарија, Романија... се на првата одбранбена линија на Источното крило на НАТО. Напоменувам – наши сојузници и партнери се и Албанија и Грција и Бугарија и Романија и сите членки на НАТО. Ако мислиме дека можеме да го подриваме сојузништвото во НАТО Алијансата со спорови за кои имаме решение преку Преговарачката рамка – тогаш ќе добиеме студен одговор од САД. Односно молкот е одговор. Тоа Владата секако не сака да го признае.
1 март 2026