НОВА РЕПУБЛИКА

Програмска платформа

Врз основа на политичките цели на НОВА РЕПУБЛИКА, Основачкиот конгрес на 21 август 2025 година ја донесе следната ПРОГРАМСКА ПЛАТФОРМА НА НОВА РЕПУБЛИКА.

Нашата Програмска платформа е втемелена на политичките цели од членот 8 став (1) од Статутот на НОВА РЕПУБЛИКА:

  • 1модерна нација на просперитетни граѓани во функционална пазарна економија со развиено претприемништво и услови за економска иницијатива
  • 2реиндустријализација и технолошки напредок за одржлива и развојна економија
  • 3владеење на правото и ред во унитарна и хумана Република
  • 4функционални институции без толеранција кон корупцијата
  • 5парламентарна демократија со реална поделба на власта и претставеност
  • 6децентрализирана локална самоуправа и оптимално деконцентрана власт
  • 7граѓанско општество за остварување и унапредување на личните и колективните човекови и граѓански права и слободи
  • 8одговорно управување со државните и јавните финансии и ресурси
  • 9квалитетни, одржливи и достапни јавни системи на образование, здравствена услуга и социјална заштита
  • 10секуларна држава за суштинска меѓуверска толеранција како општествена вредност
  • 11здрава животна средина и храна за граѓаните на Северна Македонија
  • 12надворешна политика втемелена на меѓународно право, добрососедство, регионална соработка и полноправно членство на државата во ЕУ
  • 13одбранбена политика во системот на сојузништвото на НАТО и заедничката одбранбена политика на ЕУ

Оваа Програмска платформа е составена од 5 поглавја и 16 теми.

Глава I: МИСИЈА, ЦЕЛИ И ПРОФИЛ НА НОВА РЕПУБЛИКА (стр. 2 – 5)

  • 1. Мисија на Политичката партија НОВА РЕПУБЛИКА (стр. 2)
  • 2. Цели на Политичката партија НОВА РЕПУБЛИКА (стр. 2 – 3)
  • 3. Профил на Политичката партија НОВА РЕПУБЛИКА (стр. 4 – 5)

Глава II: ОТВОРЕНО И ИНТЕГРАТИВНО ОПШТЕСТВО НА КОНСОЛИДИРАНАТА НАЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (стр. 6 – 9)

  • 4. НОВА РЕПУБЛИКА за отворено и интегративно општество (стр. 6 – 7)
  • 5. Нова Република со консолидирана и успешна нација (стр. 7 – 9)

Глава III. НОВА РЕПУБЛИКА ЗА ФУНКЦИОНАЛЕН ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ, СО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ПРАВДА, ДОСТАПНИ ИНСТИТУЦИИ, ЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА, СЛОБОДА НА ГОВОРОТ И ИНФОРМАЦИИТЕ (стр. 10 – 15)

  • 6. НОВА РЕПУБЛИКА за функционален политички систем и локална самоуправа (стр. 10 – 11)
  • 7. Нова Република со политичко управување наместо партиско владеење (стр. 11 – 12)
  • 8. Нова Република со ефикасна администрација на отворени извори (стр. 13 – 14)
  • 9. Нова Република со слободни и одговорни медиуми за информирани граѓани и транспарентно владеење (стр. 14 – 15)

Глава IV. НОВА РЕПУБЛИКА СО ПРОМИСЛЕНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И ВИСТИНСКА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ КАКО СТРАТЕШКА ЦЕЛ (стр. 16 – 20)

  • 10. НОВА РЕПУБЛИКА за одговорна надворешна политика и професионална дипломатија (стр. 16 – 17)
  • 11. Доследни сојузници во одбраната и стратешките партнерства – безбедни дома во новата Република (стр. 17 – 20)

Глава V. ЦЕЛИНА НА ЕКОНОМСКАТА, ФИНАНСИСКАТА, ОБРАЗОВНАТА, ЗДРАВСТВЕНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА ЗА РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА И СИЛНА „СРЕДНА КЛАСА” НА ПРОСПЕРИТЕТНАТА НАЦИЈА (стр. 21 – 33)

  • 12. Нова Република со силна „средна класа” за слобода, ред и просперитет (стр. 21 – 22)
  • 13. Нова Република на продуктивни граѓани во солидарно општество и хумана држава (стр. 22 – 24)
  • 14. НОВА РЕПУБЛИКА за одговорно управување низ правилно буџетирање (стр. 24 – 27)
  • 15. Нова Република со целно и осмислено јавно-приватно партнерство (стр. 27 – 28)
  • 16. Минимум регулатива за максимум претприемништво, реално образование и реиндустријализација – за нова економија во новата Република (стр. 28 – 33)

Паралелно со структурирањето на НОВА РЕПУБЛИКА, општинските клубови и форумите на НоРа, продолжува процесот на градење сеопфатна Програмска платформа. Во овој процес е очекуван и добродојден придонесот на партиските членови и регистрираните поддржувачи на НОВА РЕПУБЛИКА.

За да изградиме одржлива, реална и применлива програма со која нацијата на Северна Македонија ќе оди напред низ слобода, ред и просперитет.