НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Слобода на говорот и информирањето vs. слобода на медиумите

2 ноември 2023·Ивон Величковски
1. Зошто глумите "изненаденост"? Па сите знаете дека со години само една партиско-аналитичка екипа се кани од еден на друг канал и на тој начин се диктира кој и за што може да зборува глумејќи "јавност".
И дека само мал дел од нас одбива(в)ме со инцидентно присуство на квази-дебати да го легитимираме сценариото.
2. Не е прашање зошто, туку колку време се спроведува оваа цензура и до и по 2016?
Потсетувам, тивката, но фактичка медиумска цензура пак стана очигледна кога премиерот најави судир со "олигархијата" (читај: скопската југо-тајкунерија), а изјавата ја пренесоа само пар портали.
3. Чии се медиумите? Мои, твои или нивни? Нивни, секако. Но, етерот е наш. А без него, медиумите се само згради со опрема.
Пред неполна година посочив дека Македонија се враќа на потребата од воведување Министер/ство за информации како анти-ботовски firewall на евроатлантска Северна Македонија што ќе ја штити слободата на пристап до информации и на изразувањето.
4. На последниот обид за демонстрација на моќ на контрола на темите и информациите Владата не смее да одговори со легализирање на државно финансирање на приватните медиуми.
Целта на коалицијата на ПЈРМ-овските анти-интегративни структури во сите партии е враќање на партиско-медиумскиот труст со јавни пари од 2009 наваму - за одржување на нивните привилегии и економско-политичка моќ - и преку ваквите медиуми.
5. Оттука повиците на "бојкот" се излишни. Овие и ваквите медиуми одамна се бојкотирани и од гостите и од гледачите. Вистинска тема е каков е ставот на (фондовите на) амбасадите кои со децении финансираа(т) проекти во (слободата на) медиумите и изразувањето во земјава:
- Дали се исполнети нивните цели?
- Дали има функционални институции што ги гарантираат овие слободи?
Од ставот на амбасадите и фондациите по овој повик зависи дали ова ќе остане само "настан" или ќе следи расчистување во функционирањето на новинарските и медиумските здруженија, агенциите за аудио-визуелни услуги и... дали со нивни донации ја одржуваат југо-советската тајкунерија или ја помагаат Северна Македонија.