НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски во „Анализа 24“: Стратешкиот дијалог со САД не може да ги замени преговорите за полноправно членство во ЕУ

9 април 2026·Ивон Величковски
Величковски во „Анализа 24“: Стратешкиот дијалог со САД не може да ги замени преговорите за полноправно членство во ЕУ

Ние сме дел од европскиот и евроатланскиот пристап кон Источниот Медитеран. И не дозволуваме никој да не внесе во Блискиот Исток.

НОВА РЕПУБЛИКА уште лани укажа дека во решавањето на она што го нарекуваме „спор со Бугарија“, САД ќе останат доследни партнери и на Северна Македонија и на Бугарија.

И тогаш и сега Бугарија, Романија... се на првата одбранбена линија на Источното крило на НАТО - истакна претседателот на НОВА РЕПУБЛИКА, Ивон Величковски, во гостувањето во Анализа 24 на ТВ 24 Вести кај Биљана Секуловска.
Наши сојузници и партнери се и Албанија и Грција и Бугарија и Романија и сите членки на НАТО. Ако мислиме дека можеме да го подриваме сојузништвото во НАТО Алијансата со спорови за кои имаме решение преку Преговарачката рамка – тогаш ќе добиеме студен одговор од САД. Односно молкот е одговор. Тоа Владата секако не сака да го признае.

...Физичкото „празнење“ на Балканот беше во еден период на економски подем во ЕУ, особено на германската економија. Кога ја споменуваме Меркел, ајде да ги забележиме Орбан, Вучиќ, Груевски тогаш (Мицкоски како негов „наследник“). А кој ги произведе нив?

Натаму, ајде да видиме како Северна Македонија добиваше блискоисточни карактеристики со сплет на продолжувањето на југо-советската олигархија, злоупотребата на владеењето на правото и продолжувањето на „комунистичката православно-исламска коалиција“.
Продолжувањето на југословенскиот модел на функционирање практично придонесе да дојдеме во ситуација во која Северна Македонија наместо да биде дел од европскиот и евроатланскиот пристап кон Источниот Медитеран тргна во правец да станува дел од Источниот Медитеран односно од Блискиот Исток.

Како е можно сите тие блискоисточни карактеристики овде да се развиваат за време на доминацијата на „штифтунзите“ и фондациите?

Наша задача е да бидеме дел од пристапот кон Источниот Медитеран, кој во САД е дефиниран со заедничка одлука на Демократите и Републиканците по иницијатива токму на денешниот државен секретар Рубио.
И одеднаш Владата го запира евроинтегративниот процес и се обидува да ја наруши улогата на Северна Македонија во Јужното крило на НАТО и логистика на Источното крило на НАТО – и всушност ја бутка Северна Македонија во Блискиот Исток. Тоа е многу погрешна политика.

...За жал следењето на тој Меркелов пристап ги даде овие негативни резултати. Тоа ја отвори вратата за кинеското влијание кое својата централна точка ја најде во Будимпешта и се обидува да излезе на Медитеранот...

Забележете го двоецот: руското влијание е културолошко и религиско: „панславизам, комунизам, интернационализам“, но во суштина експанзионизам и во сплет со обидот за кинеска економска доминација всушност сакаше да го стави овој регион во зависност.
Повторувам: ние сме дел од европскиот и евроатланскиот пристап кон Источниот Медитеран.
И не дозволуваме никој да не внесе во Блискиот Исток.