НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Иста состојба, 9 години потоа: "Генерален еднократен (ре)избор на судии во Собранието"

28 април 2025·Ивон Величковски
Кога во 2016 го предлагав(ме) ова решение, процедуралистите од партиите, нво-и и медиумите, а особено тогашното раководство на СДСМ и неговите инсталации во "Шарената револуција" обвинија дека овој предлог е: - спречување на Патоказот на Прибе, - отворање на Уставот со несогледливи последици, - нарушување на независноста на (право)судството.   Кога СДСМ сепак процени дека ова може да им донесе плус гласови, на почетокот на кампањата истакна билборди "Генерален реизбор на судии" - и толку.   7 години потоа: - Прибе е гостин на дебати замислени да рециклираат надминати теми и ликови, - Уставот е отворен два пати, - Судството е распарталено од Републички судски совет до дактилографка, СЈО е неславна историја, а довербата во судството е на ниво на статистичка грешка.   Состојбата во Судскиот совет, формалниот предлагач на изборот на судиите тоа го покажа.   Бараме решенија? Од овие досегашните, "системските", "формално-правните", добри на хартија и употребливи за барање странски грантови - толку.   Звучи радикално? Да. Ако сакате реална правда, а не само формално судство, тоа е.   Паралелно со чистење на остатоците на "нивните деца" од третата генерација "правосудна елита" распоредена според потребите на партиите.   А не на системот и граѓаните."   Оригиналната објава е од денешен ден 2023 г. Во насловот, кон "судии" слободно додајте "и обвинители". Согласност со концептот од ВМРО-ДПМНЕ, секако не ни очекував(ме).