НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски за Frontline.mk: Северна Македонија не се занимава со својата интеграција во ЕУ, туку со интеграција во „српски свет“

8 јануари 2025·Ивон Величковски
...веќе никој од Брисел не се „заморува“ со нас: таму им е јасно дека овие политички актери во Скопје се против европска интеграција на Северна Македонија и сега оставаат на граѓаните да одлучат до кога ќе ги толерираат ваквите свои партии, политичари и функционери.   Дозволете да предупредам и на следното: Ова прашање е пред се пред Македонците. Ниту Албанците ниту припадниците на другите народи во Северна Македонија не се веќе подложни на манипулација и не можат да бидат користени од системските партии и нивните контролирани медиуми како причина или повод за „дестабилизација“.   Со 1997 и гостиварските и тетовските настани земјата требаше да остане вон „Агендата 2000“, со 2001 Скопје требаше да се оддалечи од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, со кумановските настани 2015 Скопје требаше да остане во надлежност на Белград за уредување на односите со Приштина.   Ваквите „операции“ требаше да ги компримираат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во една политичка целина за произведување на „Република Македонска“ по теркот на Република Српска – затоа што унитарноста на Северна Македонија е пречката за коридор на „српскиот свет“ (како екстензија на руските и кинеските геостратешки интереси) до Солун и потоа до Источниот Медитеран   Затоа Движењето за нова република го истакна рокот 15 јануари 2025: партиите кои до тој рок не покренуваат постапка за уставното дополнување – се согласни со ваквата тенденција и практично одработуваат преуредување на државното уредување, спротивно на интересите на македонскиот народ и на нацијата на Северна Македонија. И со нив нема за што натаму да разговараме.   ...колкава е таа зависност во Скопје од политиката на Вучиќ? Логичен одговор е: огромна. И секој што на таквите принципи има обврска да ја држи Северна Македонија блиска до праксата и политиката на Вучиќ – ја легитимира проекцијата на „српскиот свет“ од која ниту Вучиќ како претседател на Србија ниту Владата на Србија што ја предводи неговата партија не се има дистанцирано или откажано.   Ова „политичко Скопје“ се плаши оти знае дека процесот не е ограничен на Србија. Барањето за владеење на правото во Србија е всушност судирот меѓу концептите на србијанската политика – на новата генерација на нацијата и државата Србија (и српскиот народ во неа) со магловитиот концепт на пансрпството во кое државата е само средство на тајкуните и нивниот организиран криминал со државно покровителство.   ...Оттука, неспротивставувањето на политичко Скопје кон „српскиот свет“ е придонесот на нашите тајкуни преку нивните партии во Владата и Собранието и преку нивните медиуми „од оваа страна на Табановце“ – со иста цел. Затоа конкретна задача им е да се спречи евро-интегративниот процес на Северна Македонија, кога веќе не им успеа да останеме вон НАТО...   Заеднички интерес, на обете југо-советски (читај: српско-руски) тајкунерии, нагласува Величковски, е спречувањето на процесот на консолидирање на нациите и во Северна Македонија и во регионот, бидејќи нациите се дел од модерната дефиниција на државите како одговорни чинители на меѓународното право, но и инструменти на владеењето на правото во сопствените граници.   И, враќајќи се на состојбата во Северна Македонија – како што гледаме, начинот за тоа е да се спречат преговорите за членство во ЕУ преку спречување на дополнувањето на Преамбулата. https://frontline.mk/2025/01/08/velichkovski-severna-makedoni-a-ne-se-zanimava-so-svo-ata-integraci-a-vo-eu-tuku-so-integraci-a-vo-srpski-svet/?fbclid=IwY2xjawJaKzZleHRuA2FlbQIxMQABHQDs1r9DBAQpKhisG66-1pVERXCCsXQkWXhsBk1cFbQHRAHKAjt6HjDArw_aem_WQhs_PvHR0c_KCOSuqhk6w