Величковски: 1Тв, СЈО, Дака, Рашковски, Зеќири, обидот за спречување на ЕУ-преговорите... се до сагава Русковска/Муареми се одраз на дејството на Актот Магницки во Македонија.
6 август 2022·Ивон Величковски

Регионално од "Јовањица" до "Капетан Андреево", против малигните пипци на путинизмот заснован на корупцијата како систем на олигархијата.
Меморандумот и Извршната наредба на Бајден (засновани на Актот Магницки) се формална рамка на САД во справувањето со корупцијата како закана по владеењето на правото, глобално и регионално.
Со нив и со актите на ЕУ, Обединетото Кралство и Канада, НАТО фактички стана трансатланска зона на справување (и) со корупцијата.
Нацрт-актот за демократија и просперитет на З.Балкан промовиран од сенаторите Џин Шехин и Роџер Викер меѓу другото синтетизира и дејства на различните агенции на САД во спречување и санкционирање на корупцијата регионално - и овде.
Точките и методите на пост-советската путинистичка олигархија се означија со руската агресија врз Украина. Која по сила на потекло и намена е спротивставена на владеењето на правото, вклучително правото на украинска самоодбрана.
Падот на Заев значеше крај на елитите со реторичка заинтересираност на Македонија за НАТО (и ЕУ) и фактичка олигархиска пракса и потекло.
Затоа и неговиот редовен соговорник Мицкоски со асистентите Апасиев и Таравари не го соборија мнозинството. Токсичноста по една политика произлегува и од застапувањето на ликовите и интересите на корупцијата и од постапувањето или непостапувањето по неа.
Од "Таргети и Тврдини" до "Империи и Делчевски парцели" секое прогледување низ прсти за оние што можат да си ја платат слободата значи добивање по прсти за оние што тоа им го овозможиле по дисконт.
Почетокот на ЕУ преговорите и на примената на НАТО-стандардите во соодветните апарати, пак, покажаа колку се широки можностите за државата кога НАТО и ЕУ се во Македонија. Ако опстои на прекинувањето на праксата на неговите претходници, можностите на владата на Ковачевски ќе растат пропорционално.
Оттука разбирливо е зошто САД и ЕУ дипломатските претставништва во Скопје избегнаа вовлекување во "расправијата" на кадровските решенија на Заев.
Таа е одраз, но и најава на главните пресметки на прозападните со југо-македонистите (на олигарсите) распоредени низ институции, медиуми и партии.
Согласно двегодишниот пискот на "јавноста", судирот во СДСМ, ДУИ и воопшто во власта е поодамна започнат, а сега е само повидлив.
Но во опозицијата личи дека ќе е исто активно, ако не и подраматично. "Референдумот" ги отвори пресметките во (коалицијата на) ВМРО ДПМНЕ, каде диференцијацијата е по прашањето кој е за Македонија во ЕУ, а кој ги следи Мицкоски, Сиљаноска и Апасиев на руско-источна патека.
И диференцијацијата е највидлива кај - пратениците?!
Криењето зад потписи наместо барање референдум преку 30 пратеници покажува дека Мицкоски всушност не е сигурен во своите пратеници.
А странично референдумот треба да го користи и за одлагање на отворањето на досиејата на службите и нарачателите на досиејата 1945-91.
Сепак овие судири во власта и опозицијата се "драматични" само за институционалните југо-македонисти и тие (ќе) бараат "национално помирување". Иста песна "од Вардар до Триглав".
За нас, прозападните несистемаши, ова е само судир со корупцијата како систем на олигархијата и со неа нема помирување. Од Урал до и преку Атлантикот.