НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Секоја PR приказна има свој крај, а кај нас деновиве - 4 такви завршуваат. Како евтина сапуница со скапа сценографија, стотина глумци и 2 милиони статисти.

18 септември 2022·Ивон Величковски
1: Арсовска и Скопје. "Непартиската" надеж и ВМРО ДПМНЕ ги судрија интересите при првиот поголем (финансиски) проект за градот. "Јавноста" кубе коси, луѓето насмеани. Никој не се изненади што уште еден "проект" на сите досегашни Елементи, Фабрики и слични партиско-финансиски лобија тргна надолно, како и сите Радмили, Мили, Теути и останатите "нивни девојчиња".
Да гарантираше локалната самоуправа вечност во "високата политика", Заев се уште ќе беше премиер. Сега само кадровската арбитража на Груевски во Градот и Белата палата е фиксна. Но недоволна Мицкоски да ги повтори Т.Костовски и 2005.
2: ВМРО ДПМНЕ (Левица) почувствуваа олеснување откако Т.Џафери ги спаси од референдум што свесно го проектираа како неуставен. Иако ќе продолжат да се "перат" (за процедура), да се силат ("кривични", нови референдум-иницијативи) и да глумат "моралност" според Правен факултет и МАНУ стандарди ("би отвориле Устав, ама не вака").
Откако замолкнаа за Преспанскиот и воопшто не гласаа по Протоколот, сите сфатија дека се им е прифатено "како реалност". И дека кон гласачите PR-ски ќе продолжат со пумпање презир кон ЕУ, САД и НАТО, а по западните амбасади и фондации ќе се обраќаат за донации во евра и долари.
Играта со Референдумот 2004 се уште се "свежа".
3: СДСМ и ДУИ се уште се надеваат дека "власта им е гарантирана со ваква опозиција".
Но тоа е само утеха додека им се чека одговорот по прашањата: Отворен Балкан или Берлински процес? Борба или прегратка со корупцијата? Справување со кризата или профит за малкумина од набавките? Кога реконструкција?
Играта на Владата на Бучковски "зборувај европски/евроатлански - делувај балкански/тендерски" од 2006 не е заборавена.
Како проработуваат институциите, така опаѓаат партиите и оние коишто ги водеа во окупирање на институциите. И одеднаш, пара-системот на партии/медиуми/олигархија и нивниот PR падна.
Затоа партиите, медиумите и финансиите денес се спротивставени на институциите. Односно деловите од нив кои и натаму сакаат вокално европски и натовски, а реално кремљовски.
Коалицијата на овие делови од партиите, медиумите и финансиите не е поразена, гледаме, но секако е начната, гледаат.
Тоа е PR приказната 4, презрена и провидна.