НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Изборот на алтер-егото на Мицкоски во Агенцијата за европски образовни политики е анти-македонски потег на Владата, а не само кадровска провокација за понижување на Албанците. 

11 април 2025·Ивон Величковски
1. Бидејќи: - Македонците ниту сакаат легитимирање на шовинизмот ниту дозволуваат нормализирање на политичкиот талог. - Албанофобијата, гркофобијата, бугарофобијата - се само Милошевиќев имплант во југо-македонистичката политичка пракса, но не и во македонското етничко чувство. - Македонецот не мрази, не навредува и не се плаши од други народи. Мрази, навредува и се однесува понизно кон други народи само "македончето". Или оној што глуми Македонец.   Кога на чело на Национална агенција за европски образовни политики и мобилност може да дојде човек со кривична пријава за говор на омраза кон еден народ и во нацијата на Северна Македонија и кон еден соседен народ, Владата може:   1. Да го разреши Управниот одбор на Агенцијата што го избрал на јавен повик, сосе директорот.   2. ВМРО-ДПМНЕ може да си го повика коалициониот партнер да си поднесе оставка од должноста. Иако да не сакале шовинисти во своите редови - не би ни правеле таква коалиција.   3. Доколку и тоа не - ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ можат само да им кажат на ВЛЕН: (и до сега) знаевте на што сте и со кого сте во Влада, сега знаат сите.   За волја на вистината, и Македонците и Албанците и Турците и Ромите и Србите и Власите и Бошњаците... и сите останати - знаат на што се: југо-шовинизмот на ВМРО-ДПМНЕ прикриен со национализам, како и на СДСМ претходно прикриен со европеизам не е одлика на Македонците, туку на "античките југо-македонисти".   Со таа разлика што сега Немакедонците и Европјаните ќе чекаат да видат како ќе се постават политичарите-Македонци и граѓаните-Македонци.   Во име на обете категории - ВМРО-ДПМНЕ мора да избере меѓу опциите 1 и 2, до следната владина седница. ЗНАМ и ВЛЕН и онака никој ништо не ги прашува. Можеби за ова продискутирале Филипче и Мицкоски на "лидерската"?