НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

4 пораки на законската можност за работно ангажирање на пензионерите и невработените

21 мај 2025·Ивон Величковски
Законското решение е корисно за работно-пасивните граѓани на кои: - им се овозможува дополнителен приход за свој труд или знаење за кој се плаќаат давачки, и - поради законска одредба не смееле да се понудат на пазарот на труд за да не изгубат социјална поддршка по основа на здравствен предизвик (личен или семеен). И со тоа - за сите и треба да биде поздравено.   Но, да се соочиме и со фактот дека законското решение е само "гасење на пожар" кој тлее во неколку области:   1. Нашата работна сила е намалена, пред се поради емиграција. Постојат дејности за кои немаме доволно стручни кадри и мора да ги пополнуваме со луѓе кои "го одработиле своето", но нема кој да ги замени.   2. Тоа е предизвик особено за производните дејности.   Притоа не зборуваме само за квалификувани работници, туку и за електро-машински или технички инженери.   За илустрација, да преброиме колку имаме инженери капацитетни да конструираат или надградат една "обична" машина за подобар производен процес, на пр. во текстилната индустрија. И така во секоја индустрија. Ќе се разочараме, нели?   3. Тоа значи дека нашето образование не одговара ниту на производните можности, камоли на потребите за развој на економијата на Северна Македонија. Администрацијата и услугите не се основни и доволни економски дејности на националната економија.   4. Ако со ова законско решение пензионерите, корисниците на семејна пензија или невработените можат да настапат на пазарот на труд и да ги задржат здравственото осигурување и социјалната поддршка, а до сега не можеле - тоа значи дека:   - форматот на финансирање и пристап до јавна здравствена заштита и социјална поддршка или пензија е децениски лошо форматиран, и - истиот бара итна реконструкција.   Бидејќи тој формат е: - дестимулативен за непосреден пристап на граѓаните на пазарот на труд воопшто, па со тоа - обременувачки за социјалниот, пензискиот и штетен за јавниот здравствен фонд и јавното здравство.   Односно дека 30 години имаме формат на "јавни пари во ветер за социјален мир" - сосем спротивен на концептот "бруто плата".   Ова бара политика. Долгорочна, промислена, со одговорно буџетирање.   И за ова, нормално, традиционалните партии во Собранието нема да зборуваат. Затоа - да зборуваме ние и да ја промениме состојбата.