Тие што цензурираа 70 години се жалат што не можат да продолжат да изигруваат „загрижена јавност“
4 февруари 2022·Ивон Величковски

Тие што цензурираа 70 години се жалат што не можат да продолжат да изигруваат загрижена јавност и експерти на темите што ги проектираа за да останат 'јавност' и 'експерти'.
Тие што идентитетот на Македонците 30 години го жртвуваат за привилегии на 30 семејства не плачат за историјата и Македонците. Тие крикаат затоа што не се гледаат привилегирани и во иднината.
Тие на кои не им пречеше 'дипломатската' тајновитост на Заев и Димитров при креирањето на Софискиот и Преспанскиот се провидни кога му забележуваат на Османи (и Ковачевски) за истото при договарањето на спроведувањето на Софискиот. Потпишан од истиот Заев и Димитров.
Тие се надеваат дека едно 'Сус' е доволно за 'морализирање', оти се чита исто и од напред кон назад и од назад кон напред. А знаат дека за нив сепак важи 'Сиктер'.