НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести

Ако не ги разреши функционерите што го величат Младиќ - Владата толерира поддршка на геноцид

29 август 2026·Нова Република
Ако не ги разреши функционерите што го величат Младиќ - Владата толерира поддршка на геноцид

Доколку премиерот не ги разреши министерот за локална самоуправа и нејзините функционери што го величат Ратко Младиќ - Владата поддржува славење на геноцид.

А таквата Влада не е ниту европска ниту македонска.

Северна Македонија ја поддржа Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Со тоа, одговорните за Сребреница ги смета за воени злосторници.

Доколку премиерот не ги разреши сите министри и функционери што величаат воен злосторник - значи дека:

  • се согласува со нив, а стои против ставот на државата Северна Македонија, и
  • стои на располагање на Вучиќ и неговата желба за државен закоп на воен злосторник - за да продолжи да ја бутка Северна Македонија во концептот на "српскиот свет".

Во Сребреница беше спроведен геноцид и злосторство против човештвото.
Мицкоски во име на Владата одлучува дали неговата влада е со жртвите на геноцидот или со неговите спроведувачи.

(Мицкоски во име на) ВМРО-ДПМНЕ одлучува дали таа партија ќе продолжи да коалицира со партии и лица кои поддржуваат геноцид или ќе се дистанцира од нив.

До разрешувањето на функционерите во Владата што го величат Младиќ по предлог на премиерот или пратениците од ВМРО-ДПМНЕ - Нова Република ќе смета дека:

  • ВМРО-ДПМНЕ,
  • нејзините функционери и
  • коалициски партнери

не го осудуваат геноцидот во Сребреница и се во функција на политиките што спроведуваа злосторства против човештвото.