НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Вести

(Инсталациите на) ВМРО-ДПМНЕ инсистира(ат) на провокации за нов спор со Атина

7 октомври 2026
(Инсталациите на) ВМРО-ДПМНЕ инсистира(ат) на провокации за нов спор со Атина

Целта е да се попречат евро-интеграциите.

Откако се виде дека единствено Преговарачката рамка ги утврдува условите за ЕУ-преговорите, а останатото е исполнување критериуми, ВМРО-ДПМНЕ се насочи кон провокации на Атина, додека министерот за надворешни работи е во Софија.

Кошаркарскиот клуб „МЗТ“ – Скопје од Аеродром е акционерско друштво во целосна сопственост на општина Аеродром. 
Со тоа, транспарентите и скандирањата се финансирани од јавни пари, односно буџетски средства на Општина Аеродром и дотациите од Буџетот на Северна Македонија.
Раководната структура на Општина Аеродром е на ВМРО-ДПМНЕ.

Неактивноста на полицијата и сопственичката структура да ги спречи скандирањата и транспарентите означува дека ниту еден јавен или државен орган не спречил постапки спротивни на Преспанскиот Договор.

Ова укажува дека ВМРО-ДПМНЕ има очигледен политички интерес да ги антагонизира односите со соседите – членки на ЕУ за да осигура дека Северна Македонија нема да биде дел од првиот бран за проширување Албанија, Молдавија, Украина и Црна Гора.

Фактот што од септември годинава спонзор на натпреварувањата на МЗТ во АБА лигата е „АЛТА Банка“ само ја дополнува сликата.

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА НОВА РЕПУБЛИКА