НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Вести

На средбата со Фон Дер Лејен, Мицкоски нека не го рециклира она во што се заглави 3 г. и да се посвети на она што нè очекува набрзо

1 октомври 2026
На средбата со Фон Дер Лејен, Мицкоски нека не го рециклира она во што се заглави 3 г. и да се посвети на она што нè очекува набрзо

"Гаранциите" се тема само за премиерот кој сега бара начин да се извлече без штета по рејтингот. А сите знаеме: Обврската е обврска.

Но функционирањето на економијата е поголемо прашање од партиските рејтинзи.

Затоа, кога разговара со претседателката на ЕК, средбата нека ја искористи и за конкретен договор и заедничка стратегија за економските предизвици коишто се пред нас.

Европа пак влегува во период на засилен инфлаторен притисок, пред сè поради високите цени на енергијата и горивата. А при ризици во снабдувањето со дизелот, извесен е нов притисок врз транспортот и индустријата.

Сето тоа директно ќе се прелее и врз националната економија – преку повисоки производствени и транспортни трошоци, поскап увоз и дополнителен притисок врз цените и стандардот на граѓаните.

Затоа, потребни се конкретни договори за:

- заштита на домашната индустрија,

- стабилно снабдување со енергенси,

- резерви и механизми на државата,

- мерки при продолжен ценовен притисок и

- потпирањето на ЕУ во решавањето на предизвиците.

На средбата има најрелевантен соговорник за стратешка превенција на извесните ризици.