НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести

НоРа: Поднесувањето на уставните амандмани ќе расчисти дали има "тајни преговори"

6 август 2026·Нова Република
НоРа: Поднесувањето на уставните амандмани ќе расчисти дали има "тајни преговори"

Власта призна дека не се проблем ниту Преговарачката рамка ниту Протоколите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега само бараат аргумент како да се повлечат од предизборниот наратив 2024.

За да се олесни процесот, СДСМ треба да се приклучи на иницијативата за уставни амандмани на ДУИ. Во моментот кога иницијативата ќе влезе во процедура:

  • ВМРО-ДПМНЕ полесно и поотворено "ќе преговара",
  • јавноста ќе знае за што се разговара и
  • сите собраниски чинители ќе ја преземат одговорноста соодветно на застапеноста.

Иницијативата од парламентарната опозиција ќе спречи експерименти што може да ни ги одложат преговорите за полноправно членство во ЕУ.