Да ја разбиеме заблудата: Партија не може да биде "државотворна" ниту "код на (македонскиот) народ"
26 ноември 2023·Ивон Величковски

1. Со прифаќање вакви бесмислици - поединечно и колективно прифаќаме да сме немоќни:
- Да изградиме посакувано опкружување низ лично и заедничко дејствување,
- Да избереме органи на власта што водат институции и да ги менуваме кога грешат,
- Да ја контролираме власта како и за што ги троши јавните пари собрани од нас.
2. Прифаќајќи "државотворна" или "партија вградена во етничкиот код", македонскиот народ директно и целата нација на Северна Македонија индиректно си вршиме "самоубиство од заседа".
Ниту една држава не е партиски проект и никоја партиска не е нас припадноста кон еден народ и нација!
3. Враќајќи си ги "кодот" и "државотворноста" во свои раце како граѓани, нашата иднина зависи од секој од нас лично, наместо, како до сега, таа да ни биде судбина доделена од партиите, односно нивните сопственици (тајкуните).
За нив страшно, за нас ослободувачки - ова е одрекување од идео-партиското толкување на македонството до и по 1990.
Тоа ги разбива основните премиси на групацијата којашто со генерации си ги штити привилегиите низ одбрана на југо-македонизмот:
А) Дека македонскиот народ се ослободува исклучиво преку Комунистичката партија и Југославија и
Б) Дека дејците на ВМРО се левичари и безмалку неосознаени предвесници на СКМ и неговите деривати по 1990.
И го руши партискиот формат "2 во 1" за "Република Македонска" во ПЈРМ.
3. Само со разбивањето на митот за "државотворност" на СКМ (СДСМ) и за "вграденост во етнички код" на ВМРО (ДПМНЕ) - Македонците стануваат рамноправни граѓани со сите, вклучително системските Македонци и немакедонци негувани преку партиите.
И само од тој момент партиите веќе не се споени со државата ниту надмоќни над неа, граѓаните или над Македонците.
Со отфрлањето на овој идео-партиски имплант во ткивото, ние Македонците:
А) Се ослободуваме од "идео-политичката диференцијација" наметната преку вака претставените партии за држење во потчинетост (тестирано врз Албанците во 1980-тите) и
- Свесни за себе со сите доблести и слабости, влегуваме во рамноправен натпревар за просперитет, наместо во борба со замислен противник - проектиран во Албанците, Бугарите и Грците.
4. Непријатниот заклучок од сето ова е дека нашите "идентитетски спорови" 3 децении не се толку со соседите или сограѓаните колку со "државотворните" елити задолжени за "кодификување" на југо-македонизмот.
Затоа и покрај сите драми на партиските Пи-аРи, македонскиот народ и јазик се исто македонски и пред и по Времената спогодба, Тиранската спогодба, Софискиот и Преспанскиот договор.
5. Прашајте Албанец, Американец, Бугарин, Германец, Грк, Ирец, Србин... чиј "партиски код" му е вграден во етничката припадност и која им е "државотворна" партија. И немојте да им се лутите кога ќе ви одговорат со смеење: Не за да ве навредат туку затоа што мислат дека се шегувате.
6. Ова не е тема за партиски бирократи туку на политички водачи. На нација на одважни граѓани. Сега, а не за нови 30 години од сега.