Анѓушев на американската црна листа - Најава дека борбата против корупцијата е безбедносна операција во нова брзина.
6 декември 2023·Ивон Величковски

Имено, со вчерашниот вординг за објавата, САД за прв пат им порачаа дека се со оние граѓани, функционери, политичари... подготвени да се справат со корупцијата, а не со оние кои би сакале - како и до сега - да глумат дека се заинтересирани да бидат во процесот.
"Денешната акција покажува дека Соединетите држави стојат заедно со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност за корумпираните јавни функционери".
Бидејќи е препознато дека во вакво Скопје може да има политички договор само за:
- слаби институции до непостоење систем,
- кадровска селекција по критериум отсуство на интегритет,
- неинтегрирање на земјата по цена на дезинтегрирање на државата...
...Вашингтон непосредно испорача пораки преку еден на 3 адреси:
1. До живаљевиќ-медиумите и коморашите: веќе не се комотни. На прашањето "Колку Кочовци има Македонија", одговорот за прв пат е: премногу.
По Камчев, ова е второ семејство кое дознава дека не е доволно да се сликаш на прием на "Калето" за да бидеш "Американец". Ова е најнепријатната порака.
2. Како спој бизнис-политика со јавни пари од време на Груевски и Мијалков, Анѓушев е порака за ВМРО-ДПМНЕ дека од малите централи до набавките на електрична енергија окупација - се е познато. Ова е најтешката порака.
3. Најдиректната порака е до Ковачевски: Расчистувањето со Анѓушев значи исто и со кадрите на Заев како негов премиер, кои уште му се во орбитата. А во основа се кадри на југо-тајкунеријата.
Оти тоа ја прекинува целината проектирана од тројната средба Заев - Мицкоски - Пендаровски пред изборите 2020.
За почеток, заблагодарувајќи му се на Пендаровски за напорот.
Од изборот на Ковачевски зависи зад што СДСМ ќе застане на изборите. Според тоа - со кого. И, оттука, во каква позиција ќе биде по изборите.
Со (играчите на) Дака "под рака" - неповолна. Без нив - државн(ичк)а.