НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Дружбите на коалиционерите на Заев со Палевски и безбедносната димензија на падот на неговата Влада

9 декември 2023·Ивон Величковски
1. Македонија вон НАТО не парираше на децениската "Когнитивната специјална операција" водена за доведување на:
А) граѓаните во параноја кон институциите, низ малигна пропаганда и промовирање на подземни ликови "блиски до секоја власт" во општествена нормалност и
Б) државата во слободен пад низ корупција и дисфункција на системот, поради кадрите на партиите на југо-советските тајкуни.
2. (Делови од) партиите, медиумите, црквата, академиката, невладините... станаа соучесници во "Операцијата", спротивставени на НАТО и ЕУ интеграциите како цели на нацијата.
Особено низ држење на (Северна) Македонија во конфликтност кон сојузниците преку конфликтност на Македонците меѓусебно и кон сите во земјата и соседството.
3. Извршителите од точка 2 и нивните палчовци се прва и втора генерација "питомци" на скопскиот естаблишмент наметнат во доцните 1970-ти врз несистемските Македонци под плаштот на "држење под контрола" на Немакедонците, особено Албанците.
За возврат, им "прогледуваа низ прсти" и до и по 1991 градејќи ја на нив праксата на неказнивост. На таквите криминалци, насилници и шлајмови на општеството се обидоа да градат прототип на "Убер-Македонци" (етно-филитистички православни, просрпски/проруски и - употребливи) - за одржување надмоќ над Македонците, кога веќе не можат над натовска Северна Македонија.
Основно средство за таа цел беше и остана "античкото југословенство" засилено со "Вергина-Вегета" иконографија по 2018.
4. По интервјуто на Ковачевски за 360° треба да се потсетиме дека покрај Милевски, во Владата на Заев беше и нововпишаниот на американската црна листа Анѓушев и Димитровски сосе веќе подзаборавените Димитров, Шеќеринска...
Екипата што партиски ја киднапираше "Шарената револуција" од општеството и во чиј владин мандат беше уништен темелниот проект СЈО. Денес сите резигнирани или активни опоненти на "Францускиот предлог".
Зборуваме за Владата на чие чело е Заев, а генерален секретар е Рашковски - обајцата имплицирани во објаснувањето зошто Дака е на американската црна листа.
5. А кога веќе интервјуто отвори прашања, да си поставиме уште неколку: Каква е улогата на Пендаровски во именувањето на Милевски за амбасадор во Љубљана? Заедно со именувањето на Фрчкоски во ОН, откако беше одбиен за амбасадор во САД. И кога веќе се заинтересиравме кој му одел на гости на Бомгартнер, замина ли барем Димовски за Париз, кога за Арифи останаа затворени метрополите од Атлантикот до Босфорот? И дали овие прашања се поврзани?
6. "Македонија е во НАТО, но и НАТО е во Македонија" најдобро отсликува колку темелни промени се одвиваат тековно.
Добро е што Ковачевски ги отвори овие прашања. Но тоа ќе остане недоволно ако продолжи да балансира меѓу:
- политички партнери подготвени за избори со вакво безбедносно и стратешко значење за европска и евроатлантска Северна Македонија и
- кандидати добри само за функции во БЈРМ.