Величковски: По "гласното" премолчување на објавата на Братството на Свештената Бигорска Обител под наслов "Само петмина ли се виновни?"
11 декември 2023·Ивон Величковски

Индикативно е што скоро никој не реагира на ова јавно потсетување за навредите и заканите од Палевски и "од некои негови приврзаници": "...една од поглавните опсесии на посочениот убиец во текот на последните 2-3 години беше токму... Владиката г. Партениј, а преку него и целата наша монашка заедница... Какви ли само навреди, закани и гадости се изнаслушавме од тој мракоподобен човек и од некои негови приврзаници! Дури и отворени повици за протерување, тепање и бесење. И преку социјалните мрежи, но и преку лични контакти. Почнавме да се чувствуваме загрозени, небезбедни..."
Вклучително ниту (Синодот на) МПЦ-ОА?!
Оваа објава потврди дека Палевски е гласноговорник, но не е единствен протагонист на продолжените напади врз "Бигорски", кој како и убедливо мнозинство православни верници бара вбројување Охридската Архиепископија во редот на автокефалните цркви согласно каноните:
- со Томос од Вселенската патријаршија, а не од Белград,
- на верниците во Северна Македонија, а не според етнофилитистичко толкување на православието по стандарди на РПЦ.
"Што со оние соработници... меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации...?" - се потенцира во објавата.
И ќе прашам - кои се сите тие? Освен телевизискиот сопственик во обид, Петар, Григориј и антиваксерскиот Агатангел, кои се ликови во Синодот или вон него сакаат со молк да продолжат да ни нудат да сме "задоволни со пара-статус кво" на Православната црква во Северна Македонија - Охридската Архиепископија доволно за таа да остане блиска до Москва преку Белград за да биде оддалечена од Константинопол?
Конкретно, колку и какви палчовци и натаму ја држат МПЦ-ОА што подалеку од Томос од Вселенската патријаршија. И за чии потреби?
За да се одржи кремлинското влијание врз православните верници и особено врз Македонците, кога веќе политичките влијанија на југо-советските приватизациони тајкуни во земјата завршуваат како што имињата им "поцрнуваат" на американските листи?
И можеби најбитно, дали (дел од Синодот) се уште не може да се помири дека се помалку може да смета на претходните врски со тајкуните задолжени финансиите на Македонија да ги држат "под контрола" за економските, општествените и државните системи да не станат евроатлански и европски?
Индикативна е, имено, коинциденцијата на замолкнувањето на овие делови од Синодот со појавата на Камчев и сите останати од македонската "олигархија" на американската црна листа.
Ставете го ова во контекст на специјалната когнитивна операција што со децении се води против Македонија и Македонците и лесно ќе разбереме за чии потреби владее овој молк. Односно владееше.