Величковски за Локално.мк: Општа е потребата за претседател на републиката, а не од четврти мандат на Ѓорѓе Иванов... во 2024, можеби еднакво како во 1991, имаме огромна потреба од претседател што спојува, охрабрува, презема одговорност и води нација низ предизвици.
11 декември 2023·Ивон Величковски

- Таков кандидат веќе не може да се изнедри од традиционалните „системски“ ликови на ПЈРМ, а од претседателскиот кандидат ќе зависи и исходот на парламентарните избори. За тоа се свесни сите, вклучително и СДСМ и ДУИ.
Значи темата е профилот, карактерот, авторитетот на кандидатот, па до празниците ќе се зборува за етничка, полова, партиска… припадност, а потоа – за суштината, каков претседател на републиката ни треба, оценува Величковски.
За нив во „Движењето за нова република“ и во една граѓанска држава и парламентарна демократија, посочува соговорникот, сите функции се достапни според добиена доверба на непосредни избори или посредно, од надлежниот орган на власта.
- Оттука, Џафери би имал легитимитет да ја врши премиерската должност по обете основи. Во поглед на искуството, и како министер за одбрана порано и сега како претседател на Собранието, Џафери има покажано дека доследно ги следи процедурите и законот и Уставот. Лично сметам и дека во Собранието манифестираше такт во особено специфични ситуации без дневно-партиски калкулации. Тоа во една „техничка“ влада може да биде од особено значење.
Можеби политички е прашање зошто номинално вториот човек на државата ротира во премиерската позиција. Претпоставувам бидејќи според досегашните перформанси е најсоодветен во рушењето на „табуто“ Албанец да биде на чело на извршната власт, објаснува Величковски.
Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ би се откажала од местата во техничката влада и од спречувањето евентуална злоупотреба на институциите во изборни цели, како што милуваа да кажат сите партии кои што досега беа во опозиција, лидерот на Движењето за нова република посочува дека со односот кон Преспанскиот договор, Софискиот договор и францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ се врати во нарацијата од 1996.
- Обидувајќи се да се претстави како „единствен претставник на Македонците“, раководството започна политички флерт со југословенизмот и бранење на концептот на “Република Македонска” во ПЈРМ и од партија пробува да ја врати ВМРО-ДПМНЕ во историскиот „mode“ на „Организација“ исклучиво за Македонците.
Застапувајќи ваков концепт на привидна супремација спротивставен на граѓанската, личната рамноправност на Македонците со сите во и околу Северна Македонија, Мицкоски практично ги обесхрабрува Македонците.
Политички гледано, одбивајќи да учествува во техничка влада, ВМРО-ДПМНЕ не само што би признало дека државата веќе не е „киднапирана“ поради што и се воведе принципот на техничка влада, туку и најавува потреба однапред да се огради од изборниот исход, смета Величковски.
Целиот текст е достапен на следниот линк: Ахмети цели кон претседателската резиденција, Ковачевски потврди дека ќе номинираат свој кандидат: Дали е нарушена хармонијата меѓу СДСМ и ДУИ? - Локално (lokalno.mk)