НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

При крајот на празнувањата: Храбро,мудро и решително во годината на предизвици и решенија

8 јануари 2024·Ивон Величковски
И како нација на Северна Македонија и како Македонци - пред нас е "активен" период: економски - на закрепнување, политички - на расчистување, општествено - на консолидирање.
Дали ќе се одиме во овој правец зависи од изборот на граѓаните и од решителноста и доследноста на политичките и општествените чинители.
Изборот е меѓу две основни опции:
1. Застој низ одржување на статус кво-то и
2. Движење напред низ евроинтеграции и вистински евроатлантизам.
Застојот е втемелен на две заблуди:
1. "Македонско единство = спротивставеност кон Албанците и Бугарите".
Напротив, македонското единство се гради на заедничка цел на Македонците - да сме модерен и успешен народ во Европа, заедно со другите народи во Македонија и соседите.
2. "Македонско единство = договор за единство на партиите на Македонците".
Напротив, "договор" како Мицкоски-Заев 2020 е само покритие за монопол на (пост)приватизациската тајкунерија за:
- Затворена и слаба економија и
- Неказнивост за системските Македонци: југо-советските тајкуни и нивните партиски и криминални подизведувачи.
Надминувајќи ги овие заблуди престануваме да бидеме дел од судирот во српското општество меѓу српството и србијанството.
И Косово и Србија се независни држави и на нас е да го поддржиме дијалогот на соседите до меѓусебното признавање.
За почеток, односите меѓу (партиите на) Албанците во Северна Македонија не треба да ги поедноставуваме како "влијанија од Косово", туку како дел од домашни политички и општествени односи.
Односно да не се однесуваме како во 2001 кога системско Скопје сакаше да се залажува дека во конфликтот учествуваат "некои Косовари", а не Албанци од Македонија.
Македонската изворна посебност, конечно, ќе се засили и со процесот за добивање Томос за автокефалност на Охридската Архиепископија како Православна црква во Северна Македонија од Вселенската патријаршија, а не со приклонување кон кремлинскиот проект на "Томос" од Православната црква во Србија.
И секако, "When the going gets tough, the tough get going".