НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

ВМРО-ДПМНЕ избира меѓу Моноспитовското наследство (на Трајковски) и Муртинската прегратка (со Заев)

17 јануари 2024·Ивон Величковски
Мицкоски очигледно го избра второто.
И со одржувањето на анти-интегративниот дух и низ анти-албанскиот/анти-бугарскиот наратив и последно, со поставувањето кон Техничката влада и со тоа кон изборниот резултат.
Партискиот концепт за перење од одговорност, а уживање во привилегиите на владата е виден одамна.
Ако ВМРО-ДПМНЕ не гласа за техничката влада, само потврдува дека очекува изборен исход што ќе ја држи вон Владата.
Негласањето е замислено алиби како тоа да го правда пред членството со познатиот репертоар: од неправилности до теории на "заговор против волјата на Македонците"
А всушност Мицкоски само нема сила да ја води партијата онаму каде ВМРО-ДПМНЕ тргна со Проповедникот од Моноспитово - во градењето граѓанска држава на еднаквост во правата и обврските вон влијание на матрицата на "српски свет".
Во која, на пример, не би имало проблем на чело на владата да биде Албанец како што не е проблем кога е Македонец или Влав.
Затоа, за Мицкоски во ваква состојба е поприфатлива опцијата на лажното "едно општество" за сите на "нобеловецот" од Муртино.
За разлика од Ковачевски и неговиот СДСМ?!
Парадоксално, да: "Бихаќка" знае колку за нив е погубно продолжувањето на политиката од 2017-21 во "Илинденска" и "Вила Водно": Марихуанизирана индустрија + картелизирана политика = срушено владеење на правото згазено и до 2016.
Оттука и отпорот на кој (ќе) наидува од се' поотворената коалиција на антиевропските групации во партиите инсталирани од Правниот факултет преку институциите до медиумите.
Тие се задолжени за одбрана на југословенската олигархија на ПЈРМ од европската и евроатланска Северна Македонија.
Бидејќи ваквиот отпор ќе се повикува на "експертизата" од валутниот граѓанизам на "системските деца" кој се развиваше паралелно и во соработка со растот на југословенските тајкуни во Скопје.
Се до следните имиња на "американската црна листа".