Отпорот кон "црните листи" низ антените на југо-советските тајкуни + реинсталирање на "Белата палата" во "Илинденска" за враќање на државата Северна Македонија во територија "ПЈРМ“
21 февруари 2024·Ивон Величковски

Делови од скопски Правен, од партиите и "живаљевиќ-медиумите" отворено се против дополнувањата на Законот за примена на меѓународни рестриктивни мерки.
Со дополнувањата, на корумпираните тајкуни и политичари им се попречува движењето на незаконски стекнатите пари и влијанија, но и учеството во политичкиот процес.
А тоа им го разбива досегашниот монопол врз власта и моќта.
Имено, штом тајкуните бидат оневозможени преку "свои" политичари да ги моделираат институциите и буџетот за свои потреби:
- "Експертите" веќе не можат да креираат "реформи“ за одржување на југословенска Македонија (неправедна приватизација и денационализација, закочена дејугословенизација и декомунистикација на Р(С)М);
- Медиумите се неупотребливи за влијание врз јавното мислење според потребите на оваа групации.
Координираниот настап овие денови покажа колку тајкунеријата се чувствува загрозено низ своите "антени“:
- ВМРО-ДПМНЕ јавно инклинира кон уважување толкувања на уставност спротивни на владеењето на правото низ борба со корупцијата;
- СКСМ пасив-агресивно призна дека владата не ги третира како арбитрерна морална вертикала на скопската тајкунска елита;
- "живаљевиќи" го означија СДСМ на Ковачевски како виновник за очекуваната примена на рестриктивните мерки порачувајќи им дека за нив тие (одамна) не се посакувана влада.
Вон оваа видлива целина, дел од МПЦ-ОА (близок со фамилиите од „црните листи") со месеци се обидуваше да дисциплинира новинари и да моделира клеро-национализам форсирајќи проекти од типот на „Крстови на Дака".
Ако се бара аналогија, проекцијата е враќање во Македонија 1999-2000, со сите последици од 2001.
Но, реално, оваа опасна проекција е безбедносно и економски оневозможена со членството на Северна Македонија во НАТО:
1. "Омилените" противници на југо-советската тајкунерија и нејзините медиуми и партии - Албанците, Бугарите и Грците - се НАТО-сојузници на Македонците, кои не ја проголтаа хистеријата против целината на Рамковниот, Софискиот и Преспанскиот договор.
2. Штом инвестициите од ЕУ, САД но и од Албанија, Бугарија, Грција и Косово добија еднаков третман со југо-советските оф-шор инвестиции од 1990-тите, конкурентноста на домашните компании стана прашална.
3. Разбивањето на енергетските монополи втемелени на руска нафта и гас паралелно ја топи толеранцијата за кремлинскиот дух во македонското општество.
Ова го истиснува југословенскиот менталитет во националната економија што од етничка ја нормализира во пазарна, а поранешната југословенска република ја зацврстува во евроатланска Северна Македонија.
Губејќи ја контролата врз јавното мислење, ботовите на социјалните мрежи и традиционалните медиуми не успеваат да маскираат дека:
Изборите го одредуваат геостратешкиот правец на функционирањето на Северна Македонија
- во европскиот и евроатлантскиот простор како дел од целина, со сите придобивки за граѓаните или
- како "подметнат камен во чевлите" на НАТО и ЕУ по мерка на олигархијата.
И судбината на политичките лидери, зависно од тоа кој правец го застапуваат.
За Мицкоски правецот е јасен низ неговите кадровски решенија во самата техничка влада.
Ковачевски ќе го покаже во следните пар недели низ кадровскиот избор:
- со ликови на коишто им треба пратенички имунитет или
- со авторитети за евроатланска функционализација и европска интеграција на Северна Македонија.