НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

За избор на Претседател во Собрание се залагам(е) 10 години и тоа не е предлог само на "албанските" партии

22 февруари 2024·Ивон Величковски
Колку и да се труди "Белата палата" така да го претстави преку блиските медиуми - за да си проектира нова точка на етноцентризам.
1. За посреден избор на претседател (во Собрание) се залагам(е) од 2013, а и од формирањето на Движењето за нова република тоа ни е дел од Програмската декларација.
Впрочем од 2013 предлагав(ме) и внесување во Преамбулата на припадниците на деловите од народите што пред пар години ги дефинира и "францускиот предлог".
Политиката не е дневно-партиско пазарење со функционалноста на државата.
Затоа, еве ги аргументите на темата што по изборите ќе биде актуелна - заедно со "францускиот предлог".
2. Посредниот избор на претседател е соодветен за споделената извршна власт во нашата парламентарна демократија. Особено што и покрај непосредниот избор, постојните овластувања одговараат на претседател избран од Собранието.
3. Актуелниот модел е избран по ликот на првиот претседател, Глигоров.
Но споредете, тој беше повлијателен во првиот мандат (избран во првото плурално Собрание со 2/3 мнозинство) отколку во вториот.
4. Површно е толкувањето дека посредниот избор на претседател ни е потребен само за одразување на мултиетничноста.
За илустрација, нациите на Албанија, Грција и Косово се над 90% етнички хомогени, а претседателите на нивните републики сепак се избираат во - парламент.
Моделот на избор и ингеренциите на претседателот е втемелен во преплетот на политичката и уставната историја на државата со односот на општеството кон парламентарната демократија.
5. Пристапот кон непосредниот избор на претседател ни се темели на две предрасуди форсирани од југо-скопската "јавност":
А) "Со конститутивноста на Македонците во сопствената држава оваа функција припаѓа на Македонец, а секое поинакво решение ги загрозува Македонците и унитарноста".
Исто се тврдеше и за функциите претседател на Собранието и премиер, а Македонците се исто Македонци и државата е исто унитарна и со немакедонец на чело на Владата и на чело на Собранието.
Б) "Непосредно избраниот претседател на Републиката може да тропне на маса".
Претседатели кои решаваа проблеми беа Глигоров и Трајковски - низ дијалог и низ институциите, а не со "тропање на масата".
Овие предрасуди служат за одржување на духот на авторитаризам и шовинизам во општеството.
Оти само низ тој дух југо-советските тајкуни кои имитираат олигархија - преку своите партии, медиуми и експерти можат да спречуваат функционални и демократски институции за владеење на правото - и борба со корупцијата.
За останатото на темата по изборите. И онака овие претседателски - се непосредни.