Меморандум за соработка на Движењето за нова република со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
25 март 2024·Ивон Величковски



Соработката меѓу Движењето за нова република и Социјалдемократскиот сојуз е логично концентрирање на политичките сили посветени на европската интеграција на Северна Македонија.
Интеграцијата подразбира целината на Рамковниот договор, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Преспанскиот договор - во уредувањето на односите во Северна Македонија и на односите на земјата со соседите да биде отелотворена низ:
- функционален систем на владеење на правото, што гарантира...
- конкурентна економија за просперитет на граѓаните, а не за монопол на олигархијата.
Преговарачката рамка со ЕУ ја одразува јасната поддршка и разбирање и од ЕУ, но и од САД за нашата држава низ интеграцијата како поттик за просперитет на нацијата.

Проценувајќи го значењето на претстојните избори за остварување на наведеното, поучени од претходните искуства и слабости, утврдивме прецизни точки на соработка за низ концентрирано знаење и енергија да ги исполниме целите на граѓаните со јасна позиција и транспарентна политика.