НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Време е за дуел на Мицкоски. Со Вархеји

13 април 2024·Ивон Величковски
ВМРО-ДПМНЕ редовно го суплементира сопствениот претседателски кандидат со партискиот претседател – денес Силјановска-Дафкова е кандидат за претседател на Републиката по партиските координати на Мицкоски исто како Ѓорѓе Иванов по координатите на Груевски.   Тоа видливо ја врами во ограничувањето на додаток на кампањата за парламентарните избори (и програмата на таа партија). Впрочем затоа ВМРО-ДПМНЕ и инсистираше парламентарните и претседателските избори да се во ист термин.   Но, откако шемата за градење перцепции низ лажни анкети беше пробиена, тројниот влог на шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ + прв кадровик на партијата + премиерски претендент Мицкоски одеднаш стана ризичен.   Откако по првиот меѓусебен ТВ дуел, надменоста на скопската професура на Мицкоски доби „тонч“ од немесијанската политичка реалност на Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ сега е принудена да бара оправдание низ барање за „асиметричен“ дуел, користејќи го Пендаровски за „спунт“.   Но, сепак, најголемата "кнедла" на Мицкоски кон Ковачевски произлегува од фактот што по разобличувањето на играта од ОˈБрајан...   „Братот Вархеји“ ја торпедираше темелната точка на програмата на Мицкоски, Силјановска-Дафкова и ВМРО-ДПМНЕ: Нема репреговарање на преговарачката рамка со ЕУ, порачувајќи им го тоа од среде - Софија.   И со тоа, останатите #1197 проекти им ги означи како еднакво фарсични.   Дека преговарачката рамка со завршениот скрининг е фиксирана и сега се оди на имплементација - им беше познато на сите во раководството на партијата, а особено на Мицкоски, Милошоски, Николовски, Силјановска-Дафкова...   Но за ВМРО-ДМНЕ и особено за неговото раководство проблем е што по изјавата на Вархеји, тоа им е јасно на сите и во ВМРО-ДПМНЕ и во останатите партии.   И особено на мнозинството граѓани кои не се во партии, но од Вархеји добија јасна претстава кој ги лаже за да ги држи во место додека другите одат напред, а кој им ја кажува вистината и е подготвен да ги води по јасен и предвидлив пат.   Шокот го одразија „живаљевиќ-медиумите“ кои орбитираат околу Белата палата: - Откако Вархеји го соопшти ставот, стана јасно дека Будимпешта сепак повеќе е бриселска одошто „вмро-вска“, - По кусите пораки на Радев и Габриел: „Очекувам Скопје да ги исполни обврските од преговарачката рамка.“ - се потврди дека нема нови услови за македонските евроинтеграции и дека тие сега зависат од Скопје.   Во вакви околности, оставени без кавга од Софија, недостасува уште Хан на пример да им ја повтори пораката и целата тригодишна кампања на ВМРО-ДПМНЕ да колабира уште пред првиот круг на претседателските избори. Затоа, на жалење на Мицкоски – на дуел веќе го предизвика Вархеји.