НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Интервјуто на Анџела Агелер, апсењето на Фуркан Салиу и пораките на Оливер Вархеји

8 април 2024·Ивон Величковски
Навидум неповрзани, трите настани го врамија двоецот Мицкоски-Силјановска во политичкиот ќош каде самите свесно се поставија од 2021 наваму.   ВМРО-ДПМНЕ со програмата призна дека противењето на "францускиот предлог" било само механизам за блокада за партиски цели. Пробиената операција на заштита на олигархијата преку блокада на Законот за рестриктивни мерки го демаскираше Мицкоски - меѓу граѓаните и тајкуните јасно ги избра вторите. Пробиената операција за лажни вести и анкети на Мицкоски му го одзема и третиот аргумент зошто и Северна Македонија и соседите и ЕУ би требале да платат скапа цена за ВМРО ДПМНЕ да се врати на конструктивност за сопствената нација.   Затоа вчерашното апсење на Фуркан Салиу беше обид на Мицкоски преку Тошковски да ја претстави својата партија како "заштитник на Македонците" од "Шиптарите кои шетаат наоколу со пиштоли". И не му успеа, бидејќи општеството ја препозна играта. И се потсети и на Нешкоски и на "Диво Насеље".   "Јавноста" и неговите "живаљевиќ-медиуми" затоа, денес оставени без аргументи, мораа глас и да ја премолчат и пораката на Вархеји, кој на Мицкоски јавно му укажа од Софија:   "Критериумите за членство на Македонија во Европската Унија се многу јасни и не очекувам да има промена во преговарачката рамка".   "Живаљевиќи" премолчаа и дека ставот на Радев дека очекува исполнување на рамката покажува дека нема други услови за интеграциите на земјата.   Тоа го затвори кругот започнат од Американскиот амбасадор во Скопје, Агелер, која во интервјуто за ТВ 21 во четвртокот јасно ги заокружи пораките што со месеци ги упатуваше и до граѓаните и до политичките лидерства: 1. Европската интеграција е избор на нацијата поддржан од Брисел, но и од Вашингтон, 2. Зрелоста на државата за предизвиците на модерното опстојување е обврска на партиските лидерства и државните функционери.