НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Нова република за апсењето на новинарот Фуркан Салиу

7 април 2024·Ивон Величковски
2008-2017 не е заборавен период, па апсењето на Фуркан Салиу затоа не е изненадување: - ја откри парто-медиумската мрежа на лажни анкети за градење перцепција на "извесен победник кај Македонците", - ги разобличи бизнис-интересите на конфидантите на Мицкоски, - со својот истражувачки стил покажа дека фасадата на "бардовите" е само мит на "живаљевиќ-медиумите".   Овој потег на Тошковски, затоа, е очекуван, па поттикнува очекувани прашања: - какви ли се вистинските анкети за ВМРО да се трансформира во МВРО уште пред изборите? - дали во "старата гарда" на СДСМ се уште има некои кои мислат дека може да се "пазарат" со Мицкоски? - дали ВЛЕН мисли дека може да коалицира со вакво ВМРО-ДПМНЕ?