НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Кампања за резултат или избори за исход

2 април 2024·Ивон Величковски
Наскоро почнува кампањата за двојните избори. Резултатот ќе даде победник (претседател на Републиката, пратеници, Влада). Од исходот зависи колку изборите ќе значат победа на нацијата над сопствените (проектирани) стравови и колку евроатланската држава Северна Македонија ќе исчекори кон Европската Унија: - согласно определбата на недвосмислено, јасно мнозинство граѓани за полноправна припадност кон Европа, а не кон само кон ЕУ; - согласно Преговарачката рамка која не' штити од непознаници во преговарачкиот процес - и нас и регионот и сите членки на Унијата; - согласно можноста да го зајакнеме владеењето на правото и, преку него - и економскиот просперитет на секој од нас и државниот капацитет за секој од нас. А согласно тоа кои кандидати застануваат јасно зад овој правец, ќе ги добиеме и потребните резултати и посакуваниот исход. Не со жалопојки "а ла" ПЈРМ, туку со одважност достојна за евроатланска Северна Македонија.