Обраќање на Величковски по завршувањето на изборите: Малодушноста не смее да надвладее над можноста
8 мај 2024·Ивон Величковски

По завршувањето на изборите, соодветно е:
1. Да се упатат честитки кон победниците - претседателот на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, мандатарот Христијан Мицкоски (како лидер партијата) и на ВМРО-ДПМНЕ.
2. Да се упатат честитки и кон граѓаните кои гласаа и кон оние кои решија да не гласаат - бидејќи сите покажаа став: првите која политика ја поддржуваат, вторите дека барале нешто поинакво од понуденото.
3. Да се потсети дека ова беа избори за правецот на државата:
- кон ЕУ или само во Отворен Балкан и
- за Рамковна Северна Македонија или Дејтонска Република Македонска.
4. Да се предупредат сите дека од начинот на формирањето на Владата не само што зависи дали ќе ни се повторува политичката состојба 2006/2008, туку и онаа 1999/2000. Со сите последици потоа, "од обете страни на Групчин".
5. Да се потенцира дека олигархијата си ја враќа Владата, а дека од сите нас зависи дали ќе си ја врати власта.
6. Да се посака опозицијата брзо да излезе од вителот во кој ќе навлезе веќе од утре - со кадри и политики кои нема да се идентификуваат со корупција и сомнеж во капацитетот на бранење на владеењето на правото.
7. Изборите завршија на 8 мај. Политиката започнува веќе на 9 мај.
Малодушноста не смее да надвладее над можноста.
8. Во смисла на претходното, донесувањето на уставните дополнувања останува чекор за напредок согласно интересите на нацијата на Северна Македонија и особено на македонскиот народ.