НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Поддршката на Резолуцијата за осуда на геноцидот во Сребреница во ОН ги ослободува Северна Македонија и регионот од проекцијата на "српскиот свет"

25 мај 2024·Ивон Величковски
Со вревата пред и релативизирањето на резултатот по гласањето (на Северна Македонија) во Генералното собрание, стана јасно дека: - На ова кај нас (ќе) се спротивставени само политичките талози на БЈРМ, латентната членка на "скратена Југославија", па затоа - Власта во доаѓање очекувано си ја одмолча Резолуцијата. Се сеќавате на "силењето" пред избори, "Силјановска ќе стави вето"? Правилноста на спонзорството на Резолуцијата од Северна Македонија е најголемиот влог во одржувањето на пријателството меѓу соседните нации. Имено, Резолуцијата ги ослободи Србите од колективната вина во која "уживаа" недемократските режими од двете страни на Дрина: Режимите можеа да се претставуваат како заштитници на честа на народот се додека злосторството на нивните претходници од пред две децении не е официјално констатирано и јасно определено по обем, налогодавач и извршител. Во такви околности, зависниците од улогата на проксија на идејата на "српскиот свет" во екс-ју државите, вклучително во Северна Македонија мораа да ги бројат гласовите против и воздржани, за да го намалат шокот - дека Резолуцијата е донесена. Но најбитно е од каде нивната потреба вака јасно да се декларираат? Едноставно е - спијачите на "рускиот свет" и неговото балканско прокси, "српскиот свет", веќе немаат избор "дали", туку обврска "кога" да се декларираат. Спонзорството и гласањето на Резолуцијата за Скопје има уште едно значење: дека нацијата на Северна Македонија не се помири и со кршењето на ембаргото (на нафтени деривати и оружје) кон тогашната СРЈ што се одвиваше и преку нашата граница.