НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Нова република: Дали опозицијата треба да овозможи 2/3 мнозинство за промена на организацијата на министерствата? 

1 јуни 2024·Ивон Величковски
Да - само ако мнозинството пристапи кон: - дополнување на уставната Преамбула според Дополнителниот протокол, - промена на раководствата на Националната радио телевизија и Агенцијата за аудио-визуелни услуги, на кои им е истечен мандатот, и - донесување на Законот за примена на рестриктивни мерки.   Со јасен и транспарентен договор за прекин на секаква "трговија со пратеници". Партиски легитимно, политички ефикасно.   Пар пратеници што и недостигаат за 2/3 мнозинство на новата власт не го намалува легитимитетот на проектираната промена.   Впрочем ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во континуитет си манифестираа "разбирање" за многу вакви прашања. На пр. за цензус за "третиот и четвртиот мандат" на Иванов. Обично под плаштот на "државништво" и "сплотување".   За и ова да не биде прашање во кое мнозинството граѓани се колатерала во партиските калкулации, со ваков предлог на опозицијата на чистина ќе се изнесе:   - Дали ВМРО-ДПМНЕ се помири дека Рамковниот, Преспанскиот и Софискиот се гаранција и за европската перспектива на земјата и за идентитетот на македонскиот народ низ нацијата на Северна Македонија?   - Дали СДСМ е за европски интеграции и кога е во опозиција?   - Дали за ДУИ функционалноста на институциите зависи само од тоа дали е во власта или не?   - Дали ВЛЕН е подготвен евтино да го супституира принципот на суштинска претставеност со обично учество во една влада?