НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Ако почитувањето на меѓународните договори е "двонасочна улица" според Мицкоски, зошто автомобилот упорно го насочува кон комбајнот што наидува од спроти?

14 јуни 2024·Ивон Величковски
За почеток - не, двонасочни се преговорите за дефинирање на договорите. По потпишувањето, спроведувањето е автопат со три ленти во иста насока. Констатацијата за "двонасочноста" на спроведувањето на договорите дојде по пораката од Бајден и Макрон за почитување на договореното од Северна Македонија. Којашто домашните медиуми кај нас не ја третираа два дена. Во тие два дена мандатарот Мицкоски сфати дека единствено со "non paper" може да фрли "јадица" за спор со Грција. Дека маневарот е прочитан се виде од воздржаноста на грчкиот министер за надворешни работи на конференцијата во Скопје. Но пораката дека нема да се толерира внесувањето раздор во јужното крило на НАТО ниту од Мицкоски ниту од Силјановска Давкова стигна преку турската државна информативна агенција "Anadolu Agency", за која Силјановска Давкова стана северномакедонски претседател. Патем да се сетиме, реагираше нејзиниот кабинет?   Одржувањето на досегашното мнозинство во Европскиот Парламент најавува континуитет на политиката на Европската Комисија (кон проширувањето) наспроти очекувањата за неповолен пресврт за земјите-кандидати од Западниот Балкан.   Сето ова значително ги намали шансите за поволна клима за влада на Мицкоски што ќе може да глуми "реформи дома додека ЕУ да се среди себеси".   Исто како што Мицкоски на енергетскиот форум неделава не успеа во тивкиот обид да ги изедначи по значење достапноста на гасот од Александрополис и приоритизирањето на гасоводната интерконекција кон Србија и потоа Централна Европа. Александрополис е точка на енергетската безбедност како за Северна Македонија така и за ЈИЕ. Сето ова ги поставува и Мицкоски и неговите коалициони партнери дома и во соседството пред незгодното прашање од насловот. А за нас граѓаните и одговорните лидери на политички процеси, прашање е интересот на нацијата кој очигледно е спротивен со оној на претстојната влада на Северна Македонија.