Никица Корубин за Локално.мк: Септември е добар месец за вистинско национално единство, Северна Македонија во ЕУ
7 август 2024·Ивон Величковски

Дали е можна дестабилизација или не, во голема мерка зависи од тоа што тие подразбираат под дестабилизација и зошто тајмингот би бил после летните одмори. Ако на пример, за нивното поимање на дестабилизација, не е проблематизирањето на меѓународните и внатрешните договори, (само)блокираните европски интеграции, одбивањето на стратешките коридори во услови на меѓународни конфликти, нарушени меѓусоседски односи; тогаш голема дилема е што се подразбира под терминот дестабилизација?
Одговор на оваа дилема мора да ја дадат сите надлежни институции кои располагаат со информации, за кои верувам дека се известени и од самиот премиер, пред тој да ја извести и предупреди јавноста.
- Параметрите по кои ја оценуваме владата, се оние кои тие самите ги поставиле како приоритети. Еден од главните приоритети е европската интеграција, кој е и главен услов на коалицијата ВЛЕН да биде дел од владата, а тоа всушност значи брзи уставни измени. Дали е добар или лош стартот, по ова прашање, оценете сами.
Потоа, приоритет е борбата против корупцијата и владеењето на правото, за кое имавме и имаме голема поддршка и од стратешките партнери, САД и ЕУ, преку механизмите на т.н "црните листи" за високата корупција. Законот за рестриктивни мерки е веќе подготвен. Уште еден параметар за оценување на стартот на новата влада. Економски просперитет на државата, е исто така приоритет, во услови на речиси целосна ориентација на нашата економија кон европските и американските пазари. Добар ли е стартот на владата и по ова прашање?
Управувањето со државата е прашање на факти и реална политика, а не на перцепција. Во таа смисла, не постои доволно добро алиби за реалното постапување.
- Приказната за "лошиот ДУИ", започна многу пред ВМРО-ДПМНЕ да инсистираше, "ДУИ да оди во опозиција". Приказната ја започна СДСМ на парламентарните избори во 2020 година, кога го праќаше ДУИ во опозиција "за да се реформирал".
Парадоксално, сега тие самите ќе имаат можност да му демонстрираат на ДУИ, како изгледа реформирање во опозиција. Кое претпоставувам исто и ВМРО-ДПМНЕ има можност, да му покаже на ДУИ како изгледа реформирана партија после неколку години во опозиција.
Иронично е да велиме дека ДУИ е инфилтриран во институциите, повеќе од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, во одамна потврдената "заробена држава", од страна на експертската група на ЕУ под водство на Прибе. Па, никој никогаш не рекол дека СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, по таа основа може да ја дестабилизираат државата.
Кој е "гревот" на ДУИ што успева така добро да ги обедини спротивставените СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Се надевам дека не е новоразбудената и хранета албанофобија, и верувам дека не е нивното (декларативно) инсистирање на европската и евроатлантската агенда. За се' друго времето ќе го даде одговорот.
Септември не е далеку, и искрено се надевам дека е добар месец за деблокирање на европскиот пат. За вистинско национално единство, Северна Македонија во ЕУ.
Изјавата изворно може да ја прочитате на следниот линк