НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Соодветната и правичната застапеност, не само што е уставна одредба, туку е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија, согласно член 8 од уставот и амандманот V.

19 септември 2024·Ивон Величковски
Оттука, во никој случај, не смее да има правна празнина во неговата имплементација, односно неможност за негова примена, а особено таа да произлезе од Уставниот суд.   Охридскиот договор, заедно со Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, се внатрешните и меѓународните темели на кои почива функционалноста и одржливоста на државата, како и припадноста кон меѓународниот поредок, како услов за опстанок.   - Охридскиот договор е составен дел на уставот, а согласно на тоа и механизмите за негова примена. Така треба да се посматра и механизмот на балансерот. Неговото проблематизирање, на ваков паушален и политикантски начин, оттаму претставува директно проблематизирање на Охридскиот договор и самиот устав, а бидејќи тој е и составен дел од стратешката ориентација и определба на државата, ЕУ и НАТО и самиот западен свет; автоматски ја таргетира и стабилноста на државата. И притоа сите забораваат на суштината на Охридскиот договор во делот на правичната застапеност во сите институции на државата, а која се одвива токму преку балансерот во администрацијата.   Балансерот ли е виновен за првичната партизација на администрацијата од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, потоа само недоградена од страна на ДУИ или ВЛЕН сеедно, па таа да се доведува, манипулативно во врска со балансерот? Не е битна промената во наративот во владата, се’ додека нема суштинска промена, на разбирање, почитување и спроведување на сите стратешки интереси на Северна Македонија. Охридскиот договор е еден од столбовите на стабилноста и правичноста, за сите граѓани, и таков третман треба и да има. Решение на проблемот кој можел да се избегне, а не воскреснување на проблемот преку негово константно дезавуирање.