НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Честитки до новиот Заменик на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска. Во контекст на предизвикувачките времиња во кои живееме, нејзиното искуство и вложеност во евро-атланскиот процес во земјата и регионот е од огромно значење.

19 ноември 2024·Ивон Величковски
А ако на нејзиното именување на должноста гледаме и пошироко, може да ја согледаме улогата која може и треба да ја има евроатланска Северна Македонија регионално, континентално и транс-континентално.   Така ќе ги согледаме можностите за придонесот на нашата држава кон мирот, стабилноста и просперитетот како и одбраната на заедничките вредности на двете страни од Атлантикот.   Гледајќи од оваа перспектива: - со осврт кон периодот од 2016 до 2024 - може да сфатиме колкаво е значењето на постигнувањето на Преспанскиот и Софискиот договор, - со поглед напред – може да ги видиме можностите од членството во ЕУ, за кое треба да ги исполниме обврските согласно Преговарачката рамка.   Во интерес на нацијата на Северна Македонија, во соработка со партнерите и низ суштински добрососедски односи.