НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: И пред и по средбата со Макрон: (Владата на) Мицкоски знае дека со уставните дополнувања се продолжуваат преговорите

9 ноември 2024·Ивон Величковски
Исто како што тоа беше условот и за Владата на Ковачевски. И за следната Влада, доколку политичките лидери уште сега не се помират со фактот дека колку и да ги избегнуваат - решенијата за граѓанската рамноправност се гаранција на македонскиот народ кон сите и на сите кон македонскиот народ. И низ Преговарачка рамка за полноправно членство во ЕУ.   Откако ни се потврди и скепсата за средба Мицкоски - Радев под покровителство на Орбан, се надевам дека на следните сугестии ќе се посвети повеќе внимание. Не затоа што сме "неопходни", туку затоа што сме добронамерни и - засегнати, како припадници на македонскиот народ и како граѓани на Северна Македонија - надвор од ЕУ.   Пораките од Макрон се јасни за оној што сака да ги види: поддршката останува, затоа што концептот и решението во "францускиот предлог" се пакетот отстапки што ја сменија основата на 80-годишниот пристап на Бугарија кон македонскиот народ - на различност дефинирана токму низ Уставот на Северна Македонија.   Затоа беше нереално очекувањето дека Радев би се сретнал со Мицкоски за да му ја оправда предизборната кампања и актуелната владина политика.   Сега е време да се каже: Со "средбата на маргините" за повторена поддршка за преговорите согласно утврдената рамка, Макрон јасно порача дека "фиромизација на преговарачката рамка", оваа нова "двојна формула" на скопската медиа-партиска елита - е предвидливо себеоддалечување на Скопје од Брисел.   Оттука, форматот на средбата и појаснувањето низ соопштение од Елисејската Палата е средство на Париз да се знае што е зборувано, за да нема мешетарски толкувања во Скопје. Горчината на "јавноста" во Скопје концентрирана во потегот "Водно" - "Дебар маало" - "Илинденска" веќе покажува дека и тие ја примиле пораката.   Сега е прашање кој ќе остане доследен на националниот интерес за членство во ЕУ: Мицкоски - менувајќи ја својата политика и реторика или опозицијата - останувајќи доследна на својата интегративна политика?   Реплицирањето на играта Црвенковски - Груевски по Букурешт 2008 и ускокнување на ДУИ во форматирањето предвремени избори е сепак препредвидливо. И некорисно.