НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Дебата во организација на Движењето: "Парламентарната опозиција да го поднесе амандманот за дополнување на Преамбулата до 16 јануари 2025"

16 декември 2024·Ивон Величковски
На Тркалезната маса во организација на Движењето за нова република дискутираа: Ивон Величковски, политички лидер на Движењето за нова република и поранешен пратеник, Никица Корубин, аналитичар и поранешен пратеник, Џелал Хоџиќ, претседател на Странката за демократска акција за Македонија и Енес Ибрахим, претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија и поранешен пратеник. Притоа, беше идентификуван основниот избор пред нацијата на Северна Македонија, граѓаните и општеството меѓу Владеењето на правото и евроинтеграциите наспроти Корупцијата и малигните влијанија. Соговорниците се согласија дека опозицијата на краток рок има три основни задачи: 1. Да определи до кога е рокот Мицкоски може да ги продолжи преговорите со ЕУ. Според Движењето за нова република, тоа е 15 јануари 2025. Ден потоа опозициските пратеници да ги предложат дополнувањата на Уставот, кога веќе Владата тоа не сака да го стори. 2. Да ги предложи дополнувањата на Законот за примена на рестриктивни мерки до крајот на јануари 2025 и паралелно, сите опозициски партии и групации да декларираат подготвеност за постојан ветинг и да изработат законско решение што опозициските пратеници ќе го поднесат во Собранието – исто така до 1 февруари 2025.. 3. Сите опозициски групации без оглед на етничкиот предзнак да се спротивстават на административните мерки наменети кон укинување на стекнатите права на граѓаните, вклучително на оспорувањето на Законот за јазиците. Дебатата може да ја проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/live/aegB5_ujiqo?feature=shared