Величковски во "Трилинг": Источниот дел на Северна Македонија во просторот меѓу Велес, Кочани... се до Струмица е под окупација на бруталниот криминал... кој се поврза со "ноќниот живот" и стана покритие за "црните пари"
21 март 2025·Ивон Величковски

...потоа тие се движеа преку градежништвото, игрите на среќа... Кочани беше центарот од каде "експлодираше" дрогата во 1995-96. Се сеќаваме на "Франкфуртската мафија"? Таа не се создаде спонтано, туку од Службата... Како заврши "Детонатор"? Да провериме дали загубите на струја единствено беа големи во Арачиново?
- Се сеќавате на каков отпор наидуваше секоја наша иницијатива за ветинг, но и она што значеше комплетен реизбор на судството и правосудството? Ние и денеска мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено. Има многу статуси по социјалните мрежи, од обвинители и слично, кои учествувале и во модуларната болница.
Што сакаме ова да биде, "1:1"? Еден куп жртви од едната партија, друг куп жртви од другата партија? Сега нема зошто да молчиме. Затоа кажав и на почетокот на неделата - ние сме веќе поделени. Од една страна се тие коишто заработуваат на нашата крв, бидејќи крвави им се рацете, од друга страна сме ние кои не сакаме веќе ова да се повтори, ниту смее да се повтори.
За жал доцниме, вели Величковски и додава дека сега ќе им биде на сите јасно зошто одредени структури во политиката биле саботирани, уништувани и маргинализирани.
За овие и други прашања во емисијата "Трилинг" со Горазд Чомовски на следниот линк:
https://youtu.be/5TtyZHmoDoM?feature=shared
"Забележувате дека во Кочани, можеме слободно да зборуваме и за тој триаголник со Велес и Св. Николе, функционираше една т.н „Франкфуртска мафија“ којашто не може да биде дел од организираниот криминал доколку државата не стоеше зад неа.
Сетете се за улогата на Кочани во минатиот систем и кои се служби беа распоредени во него и кој беше третманот на т.н источниот дел од караулата на тогашна СФРЈ кон Бугарија и кон Албанија.
Едноставно треба да зборуваме за фактите. Таа мафија не се јави сама по себе и нејзините последици ги гледаме денеска во Кочани"