НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски: Зошто ги "приведувате" новинарите?

18 март 2025·Ивон Величковски
Затоа што не можете да ги контролирате нивните информации?   Приведувајќи дописници глумите "суверена држава"? Држава на која половина пациенти од Кочани и се лечат во странство не е суверена држава.   Глумите дека ја имате состојбата под контрола? Вие сте под контрола на корупцијата и олигархијата.   АНБ испрашува странски новинари? Не се зборува на англиски со фалсификувани сертификати.   Не ја срамете веќе земјата и нацијата на Северна Македонија. Не го срамете македонскиот народ.   Пуштете ги луѓето да информираат. И онака никој веќе не се информира од медиумите на вашите партии и олигархијата на која и слугувате.   Никој не ги есапи коментарите на вашите партиски ботови ниту ги слуша вашите партиски соопштенија и пресови.   Репресијата и агресијата што ја манифестирате ви се последното прибежиште за да купите време и да се обидете да ја контролирате штетата што ја предизвикувате.   Сакајќи да го распаднете системот, иструливте. За жал притоа убивте луѓе со алчност и неспроведување на закон. И за тоа не е виновен ниту еден странски дописник или независен новинар.   Виновниците се во четириаголникот Вила Водно - Илинденска 2 - "Бела палата" - "Бихаќка".