Величковски за БГНЕС за трагедијата во Кочани: Северна Македонија плати скапа цена за југословенската матрица
19 март 2025·Ивон Величковски

Кочани не е првиот таков случај... ниту е првата трагедија при која загинуваат луѓе.. Никој нема понесено одговорност за системската корупција...
Корупцијата означува поврзаност меѓу институциите, политичарите и политичките партии со олигархијата и организираниот криминал, кои прво ја приватизираа економијата, а потоа и правосудството.
Денес ја плаќаме највисоката цена со млади животи...
.. Ако сме сакале да бидеме дел од "српскиот свет" ќе сме биле. Нема да дозволиме некој да си прави ПР кампања, како што злоупотребуваат Вучиќ и Мицкоски. Тука сме разделени.
Проблемот е што ја следевме југословенската правна и политичка матрица и по објавувањето на независноста. Треба да се бориме за сувереност. Нема враќање назад!
...Одамна предупредувавме, не поради политички интереси, туку поради интересот на нацијата.
Поделени сме: едни со пари бараат привилегии и злоупотреби - а од другата страна ние, мнозинството. Не сакаме ова повторно да се случи - со нашите деца.
https://youtu.be/BHWHofo4sKU?si=6BMvG6R4jHdalu8r