НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Величковски за "Локално": Антиевропскиот сентимент во Македонија – нов ризик за стабилноста на Балканот

8 март 2025·Ивон Величковски
Лидерот на Движењето за нова република, Ивон Величковски, во изјава за „Локално“ нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ работи на враќање на Северна Македонија во сферата на влијание на Србија, Унгарија и Русија, наместо на приближување кон Европската Унија.   Според него, ВМРО-ДПМНЕ, и пред и по изборите, има за цел да го позиционира Скопје во политичка оска со Белград, Бања Лука, Будимпешта и Братислава, при што ја гледа како „линија на лавирање“ меѓу Вашингтон и Москва. Тој додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува спротивставена на европскиот пристап и дека со неспроведување на обврските од Преговарачката рамка, само формално ја блокира државата на патот кон Унијата.   Величковски нагласи дека слична политика се спроведува и со поддршка од СДСМ, кој, според него, не се спротивставува на надворешната политика што ја одржува Северна Македонија во зоната на „српскиот свет“. Тој потенцираше дека само Движењето за нова република отворено укажува на потребата Северна Македонија да остане посветена на европските интеграции и на заедничката европска одбранбена политика. Целиот текст е достапен на следниот линк https://lokalno.mk/velichkovski-makedonija-stanuva-del-od-srpskiot-svet-na-shteta-na-evropskata-idnina/?fbclid=IwY2xjawJfVFtleHRuA2FlbQIxMQABHpu2F0oHGNZPRWb2RVq4qbjgM0v768VGrkq--BTILQ4Sw777iuCcqxd3yE0F_aem_CmtCtSOMl1JS1XhD2W4uOw