НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

„Барањето гаранции за уставните измени“ и „етничка коалиција за Струга и Кичево“ се следните удари врз националните цели и унитарноста на Северна Македонија. И со тоа врз македонскиот народ

27 февруари 2025·Ивон Величковски
1. „Одложено важење на измените на Преамбулата“ и „гаранции дека нема нови блокади“ се средствата за автоблокирање на Северна Македонија во однос на полноправното членство во ЕУ. Затоа партиите, традиционални медиуми и портали на југо-советската (читај: српско-руската) тајкунерија во Скопје ќе мора да форсираат впечаток на уважување на ставовите на Владата од „лобисти и пријатели“ - функционери во Европскиот Парламент или во одделни централно-европски држави.   Нивните ставови во однос на проширувањето не се обврзни за Европскиот совет, а Преговарачката рамка е одобрена од националните влади на земјите-членки.   Целта е празен од за на крај да го прифатиме првично договореното и да доцниме – како позадина на Србија, никако со Албанија и Црна Гора.   Спорот за името со Грција е моделот на автоблокадата: - До Времената спогодба броевме држави кои воопшто не признале, а со Гостиварските настани сторивме се за да не се приближиме до Агендата 2000, - во 2008 одбивме „Република Македонија (главен град Скопје)“ за да не станеме членка на НАТО, а - до 2018 броевме држави кои не признале под уставното име. Епилог: Северна Македонија erga omnes е членка на НАТО.   „Репреговарање на Преговарачката рамка“ отпадна, па скопската тајкунерија преку ВМРО-ДПМНЕ проектира следната деценија да ја минеме во броење „поддржувачи“ на „барањето гаранции дека нема нови услови“ – за Северна Македонија да остане надвор од ЕУ чекајќи епилог во Србија.   Со средбата на Филипче со Силјановска-Давкова, на која СДСМ потврди дека прифаќа Владата да обезбеди „подобар предлог“, проекцијата на тајкунеријата е прифатена и од СДСМ.   Ако одбивноста кон решението на спорот за името со Грција беше покритие за криминализација на економијата преку приватизацијата и шверцот за режимот на Милошевиќ, одбивноста кон почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ е покритие за: - спречување на владеењето на правото и контрола врз (право)судството, за - ...одржување на корупцијата и економскиот монопол, со цел продолжување на - ...тендерско алоцирање јавните набавки во мал круг приватни џебови преку партиите.   Вон (контролните механизми на) ЕУ (кои стапуваат во сила со почетокот на преговорите,) Северна Македонија ќе остане расположлива за движење на загрозените црни пари, како домашни така и од Србија и Република Српска. Тоа е првата употребна вредност на Северна Македонија во „српскиот свет“.   2. Се до скоро не беше јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заеднички изградија одбивност кон ДУИ и прифатливост кон ВЛЕН, додека Албанците се проектирани во колатерала.   Спорадичната најава за „коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Струга и Кичево“ е само дел од објаснувањето: југословенските партии на системските Македонци имаат потреба од „поштени Албанци“, со кои си го гарантираат владеењето врз мнозинството, несистемските Македонци, Албанци,... – и врз јавните буџети, (право)судството... и системот.   Но суштината на „етничката коалиција на „македонските партии“ за Струга и Кичево“ (макар со ВЛЕН дизајниран во „албански партнер“) е поништувањето на репрезентативноста на гласот на Албанците, во кои математичката легалност треба да ја потисне политичката легитимност – соборувајќи го концептот на Рамковниот договор.   Дизајнирањето на ВЛЕН, пак, во единствен прифатлив „албански“ партнер за „македонските партии“ (близок со владејачкото „Самоопределување“ во Косово) овозможува за Албанците од Северна Македонија да одлучува Приштина, а не тие самите - во Скопје. Само така Белград ќе може и натаму да одлучува за Македонците и Северна Македонија и да не пазари во однос на Косово, Црна Гора и Република Српска. Тоа е втората употребна вредност на Северна Македонија во „српскиот свет“.   Оттука, со своето постапување „македонските партии“ се откажуваат од (концептот и духот на) Рамковниот договор и унитарноста на државата, но и многу повеќе од тоа.   Откажувањето од Рамковниот е откажување од концептот „нема територијални решенија за етнички прашања“ – кој ја одржа територијалната целовитост и унитарноста на Северна Македонија и до и по 2001.   Тоа е откажување и од националниот интерес на Северна Македонија и од интересот на македонскиот народ.   Српско-руската тајкунерија на Скопје ова прв пат го проба низ тезата за размена на територии преку Владата на ВМРО-ДПМНЕ на Георгиевски 2001. Втор пат го проба преку „коалицијата за Струга и Кичево“ на СДСМ на Црвенковски со ВМРО-ДПМНЕ на Груевски 2013. „Трета среќа“ ќе бара преку Мицкоски и Филипче во 2025?   Тоа е мотивот на ВМРО-ДПМНЕ со воздржаното гласање на РСМ по европската резолуција во Генералното собрание, која ја констатира руската агресија и повикува на украинската целовитост и независност? Тоа е мотивот зошто парламентарната опозиција не ги поднесува уставните дополнувања?   3. Со сето наведено погоре, усогласено кочејќи ги евроинтеграциите и подривајќи го Рамковниот договор, т.н. „македонски партии“: - На краток рок отвораат пат за федерализација на Северна Македонија, - На среден рок отвораат пат за територијални промени на Северна Македонија, - Долгорочно ги доведуваат во прашање државата, нацијата и самиот македонски народ.   Пред да продолжат: Пресудата за Милорад Додик е показна вежба за ваквите деструктивни политики.