НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Папата Франциск - верски, а не само религиски водач

21 април 2025·Ивон Величковски

Тој го изгради ненаметливиот авторитет покажувајќи дека и во XXI век верата е посилна од религијата, а црквата е само институција - несовршена како и човекот.

  Затоа низ личен пример покажа како духовното лидерство е одраз на посветеноста кон човештвото. Смртта на папата кој ја осудуваше секоја војна и геноцид со духовна сила без политичка калкулација е загуба и за Римокатоличката црква, но и за христијанството и за екуменските религии.   Продолжувањето на неговиот пристап ќе значи влог на Ватикан во надминувањето на средновековната шизма. На шизмата, како и до сега, ќе инсистира само догматското свештенство вмрежено со авторитарните режими.   Денес замина првиот папа кој ја посети Северна Македонија со благослов за нашата просторно и културолошки европска нација.   И за сето набројано, може да бидеме среќни што бевме негови современици.