НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Активности и ПРЕС

Извештај на ЕП за РСМ: Најавениот заеднички амандман на европските народни и социјалистички партии - шлаканица за заедничката надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ 

25 јуни 2025·Ивон Величковски
1. Парадоксално, македонскиот јазик и идентитет ги бранат европските конзервативци штитејќи го - Преспанскиот договор и целината што тој ја прави со Рамковниот и Договорот за добрососедство.   Затоа што формалното признавање вклучително и низ практичното е резултат на Уставот на РСМ и - овие три договори.   Замената на "многувековниот" со "модерниот" јазик и идентитет значи дека на Скопје не му се дозволува да го крши Преспанскиот и да се враќа назад на антиквизација што го загрозува словенскиот корен на македонскиот јазик и идентитет.   И на тој начин суштински го штити - македонскиот јазик и идентитет.   2. "Модерниот" пред македонскиот јазик и идентитет во Извештајот е порака што сестринските партии му ја упатија на Мицкоски: не може да водиш спор на Белград (Будимпешта - Бања Лука) преку Скопје со Софија.   "Модерниот" го враќа Извештајот во форма на понуда кон Мицкоски која ја најавив пред еден месец: излезно решение да премине од предизборна реторика на владина политика. Без триумфирање, оти секоја следна понуда ќе биде "полоша".   3. Фактот што амандманот е заеднички на европските конзервативци (ЕНП) и социјалисти (ПЕС) е порака и до "сестринската" СДСМ.   "Бихаќка" вградена во надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ е препозната како подружница на "Белата палата" како во Скопје така и во Брисел. Шлаканицата за централата жежи и на образот на подружницата.   Притисокот врз двете партии е очигледен - да се вратат на политика од интерес на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија.   Затоа традиционалните медиуми и партиски Пи-аРи се на максимум, а "вознемирувањето на јавноста" - на минимум.