НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Со Извештајот ЕП го брани македонскиот идентитет - уривајќи ја југо-советска БЈРМ и држејќи ја Северна Македонија вон "српскиот свет" 

29 јуни 2025·Ивон Величковски
1. Ова е спротивно на волјата (или задачата) на партиите во Скопје. Оти тоа, меѓу другото, значи: - Отворање на архивите на југословенските тајни служби, со што настанува... - Оттргнување на Северна Македонија од проекцијата на т.н. "српски свет" или нејзината алтернатива "српски интегризам", и преку тоа... - Оттргнување на Скопје од Белград, Бања Лука (и Будимпешта) за запирање на руското црковно-инфо-политичко и кинеското економско-политичко малигно влијание.   Резултат: Ниту ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ ќе функционираат како скопски подружници на СНС/СПС, ниту МПЦ-ОА ќе се инструментализира по моделот на СПЦ.   2. Веќе посочив(ме) дека сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја разбија "заедничката надворешна политика" на Владата и обете партии. Оти Брисел, Париз, Берлин... но и Лондон и Вашингтон извлекоа поуките од 1990-тите.   Тогаш Скопје го вметна македонскиот јазик, историја и идентитет во спорот со Атина.   Резултат: Преспанскиот договор ги потврди на ист начин како и при воспоставувањето на меѓународниот поредок по Втората светска војна. Затоа, впрочем мешовита историска комисија на Северна Македонија и Грција и во моментот ги усогласува разликите по историските прашања. Но за тоа сите молчат - и партиите и медиумите.   3. Во обид да произведат билатерален спор со Софија и да ја саботираат Преговарачката рамка, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по моделот од 1990-тите се обидоа да ја протнат антиквизацијата во Извештајот на ЕП преку "многувековен" јазик и идентитет и тивко го загрозија самиот Преспански договор (кој е целина со Рамковниот и Договорот за добрососедство).   Резултат: ЕП, со едногласност на нивните сестрински партии, им ја презре играта и сега успех би било да нема амандман пред македонскиот јазик и идентитет - кои впрочем се признати со сите досега ратификувани договори со ЕУ. Во Извештај кој никогаш не се занимавал со јазик и идентитет.   4. Со тоа ЕП им порача на Мицкоски и Филипче дека Брисел ја познава играта на Вучиќ да "решава" проблеми кои не постојат за да биде "конструктивен". Тоа своевремено го разбраа Груевски и Заев.   Се на се, целата "драма" околу амандманите е сведена на оставена подотворена врата партиските раководства во "Белата палата" и "Бихаќка" да "спасуваат образ" бегајќи од стапицата што самите (си) ја поставија на штета на македонскиот народ.   5. За да го сокријат поразот на усогласената анти-интеграциска политика на Скопје, сега ќе го проблематизираат пописот кој дел Македонци го бојкотираа по повик на - тогашната опозиција.   Ниту еден Македонец и воопшто припадник на нацијата на Северна Македонија не смее да дозволи цената на нивната намерна грешка да ја плаќаат 2 милиони граѓани на РСМ.   Особено не со држење лажни теми - за Скопје да остане на дистанца од Брисел, за да чека на Белград. Границата на власта на Белград за европско и евроатланско Скопје е до Табановце.