НОВА РЕПУБЛИКА
← Назад кон вести
Колумни

Величковски: Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

1 јули 2025·Ивон Величковски
Не е прашање кои европратеници овозможија еден Извештај на ЕП конечно да констатира дека Северна Македонија е ставена во "српскиот свет".   Вистинските прашања се:   1. Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во "српскиот свет" и што добиле за возврат? 2. Кои и за какви цели во домашните медиуми, економија, нво-и... во тоа им помагале? 3. Какви се нивните (семејни) (об)врски со југо-советската, денес српско-руската олигархија произлезена од транзицијата?   4. А што конкретно во оваа констатација од Извештајот е на штета на Северна Македонија? Што кажува овој Извештај, а со децении не е укажано од нас самите? Кому констатацијата во Извештајот всушност му нанесува "штета"? Нам, Македонците секако не.   Нашето ставање во потчинетост кон "српскиот свет" е врвното предавство кон сопствениот народ и нација кое сега заеднички сакаат да го премолчат и политичарите и медиумите и "либералите и прогресивците" - и амбасадите.   Оти тоа се случуваше пред нив и - со нивно учество? - Со транзицијата потчинета на шверцот за потребите на Милошевиќ, - Со држење на спорот за името со Грција активен и со Гостивар 1997 за бегање од членство во ЕУ со Словенија, - Со постојано форсирање теми за размена на територии, федерализација и блокирање на Коридорот 8 за антагонизам кон Албанците и Бугарите, - Со влегувањето и особено со останувањето во "Отворен Балкан", - Со окупацијата на источниот дел на РСМ од криминалците на југословенските служби со македонска значка. Тој последно го убива Кочани, а испразни се од Крива Паланка до Струмица.   Но, колку што ова е грев на политичарите, толку е на "либералите и прогресивците".   Со замени на тезите, нивната задача беше да ги натераат "Провинцијалците", "Шиптарите", "Сечените"... - да им докажуваат лојалност - како што тие им се докажуваа на своите шефови.   Селектирани и од западните амбасади во раните 1990-ти како деца и внуци на припадници на ју-службите и/или на СКМ, тие станаа "академски" и "бизнис-коморски" декор во дебата, сопственици или уредници на медиуми, "влијателни" невладини организации - "прозападни" додека има грантови. И за нив, мистериозно, отворени се сите регионални медиуми - формирани на ист начин.   Извештајот на ЕП ги отвори тешките прашања: - системското одведување на Северна Македонија во "српскиот свет" за да остане вон европскиот и - отворањето на досиејата на ју-службите.   Извештајот удри во срцевината на антиевропскиот сентимент што југословенско Скопје го финансира низ корупција од секаков вид и злоупотреба на јавните буџети.   Останува да им го игнорираме лелекот на лажните либерали и прогресивци во традиционалните медиуми и партии, на кој ќе му се придружат "Белград бојсите" и нивните коморашки другарчиња.