
"Со свој став околу Декларацијата и Ивон Величковски, лидер на Движење за нова република. Според него, „и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го запираат патот на интеграциите“.
-Нијансите не не’ интересираат кога ефектот е погубен и за македонскиот народ и за нацијата на Северна Македонија.
Преговарачката рамка е јасна, како и нашите обврски во неа. Ништо повеќе или помалку.
Еден од условите што го поставивме за опозициска соработка како Нова република беше до 16 јануари да биде поднесен амандманот за дополнување на Преамбулата и соодветно членовите во Уставот. Тоа беше потребно.
Овие „декларации, политички дијалог“… се патетики на квартетот Мицкоски, Силјановска-Давкова, Муцунски и Филипче за по партиски средби и држење лажни теми во медиумите на македонски јазик, стои во интегралниот одговор на Величковски за „Локално“.